Свет
Пушките М48 продадени за багателни 25 долари парче
Продажбата на 30.000 парчиња пушки од моделот М48
во 2002 година била ставена под интерна истрага на Министерството за одбрана,
откако „Време“ ја отвори темата со зделка во која пушките биле продадени по
цена од 25 долари за парче, потврди Александар Генчов, советник на министерот
за одбрана Лазе Еленовски.
ПИШУВАЊАТА НА „ВРЕМЕ“ ОТВОРИЈА ИСТРАГА
Продажбата на 30.000 парчиња пушки од моделот М48
во 2002 година била ставена под интерна истрага на Министерството за одбрана,
откако „Време“ ја отвори темата со зделка во која пушките биле продадени по
цена од 25 долари за парче, потврди Александар Генчов, советник на министерот
за одбрана Лазе Еленовски.
– Ние сега испитуваме како е направена зделката – вели
Генчов.
Досието „М48“ било отворено откако „Време“ достави прашање до Министерството за
одбрана. Потребна била цела процедура да се отвори досието бидејќи
функционерите од овој ресор од 2002 година го прогласиле за воена тајна.
Прашавме кој, како и зошто ги продал пушките М48 за 40 долари од парче.
Податоците се уште пошокантни од оние што „Време“ го објави, а ги потврди
крајниот купувач на пушките, американскиот бизнисмен од српско потекло Дон
Мичел, сопственик на калифорниските компании „Мичел маузер“ и „Мичел армс“.
Биле продадени вкупно 30.000 пушки од моделите М48 и М48А во 2002 година, но
Генчов не знаеше да каже во кој месец.
Како купувач била наведена скопската трговска компанија „Микеи интернационал“.
Пушките, од кои повеќето биле неупотребени, биле продадени за 25 долари од
парче, односно вредноста на зделката била 750.000 американски долари.
Податокот, пак, дека пушките се купени за 40 долари парче, кој ни го потврди
Мичел, најверојатно е цената што тој му ја платил на „Микеи интернационал“.
Но, наместо пари, Министерството за одбрана требало да добие куршуми како
компензација.
– Треба да испитаме, има неколку анекси во договорот. Некои куршуми се стари,
некои се понови, но истрагата ќе покаже дали е се во ред со договорот.
Предвиденото количество куршуми било испорачувано до 2006 година – појасни советникот
Генчов.
Пушката М48 е застарен модел, кој не се произведува повеќе децении. Армијата ја
користела за вежба. АРМ поседувала околу 120.000 парчиња од ова оружје.
Продадените пушки, како што не информира Мичел, биле во одлична состојба, барем
80 отсто од нив, односно не биле никогаш користени. Калифорнискиот бизнисмен ги
продава пушките како екстравагантно оружје по цена од 1.000 долари парче.
Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски веќе реагираше дека
нема логично објаснување зошто оваа зделка се криела од јавноста.
– Има премногу подзаконски акти во Министерството за одбрана што овозможуваат
многу информации од јавноста да се скријат под превезот на воена тајна –
коментираше Бучковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

