Свет
Државните информации зад девет катанци
Тајна е колку држави не’
признале под уставно име, колку се потрошени за „Инвестирајте во Македонија“,
колку загадува „Окта“… ова е само дел од неславниот почеток на примената на
Законот за слободниот пристап до информации од јавен карактер
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНСТИТУТОТ „ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО“
Тајна е колку држави не’
признале под уставно име, колку се потрошени за „Инвестирајте во Македонија“,
колку загадува „Окта“… ова е само дел од неславниот почеток на примената на
Законот за слободниот пристап до информации од јавен карактер
Министерството за надворешни работи не одговара колку држави ја признале
Македонија под уставното име, Владата не кажува колку потрошила за кампањата
„Инвестирај во Македонија“, МВР не го дава извештајот за примената на Законот
за пристапот до тајните досиеја… Ова е неславниот почеток на примената на
Законот за слободниот пристап до информации од јавен карактер, кој е во сила од
септември 2005 година. Образот на државните и локалните институции го обелуваат
некои општини и министерства. Ова се резултатите од истражувањето на институтот
„Отворено општество“, кое се’ уште трае.
– Во светот граѓаните добиваат 60 до 70 отсто од бараните информации, а кај нас
30 отсто. Нашите институции најчесто не одговараат на барањата. Можеби причина
е недоволната информираност за обврските од законот – вели Неда Коруновска,
координатор на правната програма во Институтот.
Владата не одговорила на ниедно барање за информација. Законскиот рок за
одговор е 30 дена, па против Владата се поднесени жалби затоа што не одговорила
на прашањата колку чини кампањата „Инвестирај во Македонија“, а не ги дала ни
купопродажниот договор за „Окта“ и одлуката за поделба на ЕСМ. Институциите
може да одбијат да дадат информации ако тие се класифицирани, лични или
доверливи, но мора да им одговори на граѓаните. Иако информацијата не е никаква
тајна, МНР не одговара колку држави ја признале Македонија под уставното име.
МВР, пак, одговара на барањата, но најчесто одбива да ги даде, оти се
класифицирани. Така, тоа не го дава извештајот за примена на Законот за пристапот
до тајните досиеја оти информацијата била строго доверлива, иако таа требаше да
биде заштитена 5 години, а е побарана по истекот на тој рок. Истата информација
не ја дава ни Државниот архив зашто не била негова. Според законот,
информацијата ја дава и оној што ја има.
Министерството за екологија и пред овој закон имаше обврска од Архутската
конвенција да дава информации, но сега не одговара на ниту едно барање. На
пример, молчи дали има и колкаво е загадувањето на животната околина од „Окта“.
Министерството за локална самоуправа го пренасочило барањето за информацијата
колкав е долгот на општините за 2006 година. Одговор стасал од Министерството
за финансии, но по поднесена жалба поради истек на рокот. Министерството за
образование, пак, барателот го упатил во Градот и општините за списокот на
училишта во Скопје. Министерството за финансии одговорило колкав е бројот на
вработени преку агенцијата за привремени вработувања, а ги дало и стратегискиот
план и листата на информации од јавен карактер. На овие прашања, пак, не
одговорило Министерството за здравство. Министерството за образование
одговорило на дел, а Министерството за транспорт ги одговорило сите, па и
прашањето колку дена министерот бил отсутен од работа и колку пари биле
потрошени за неговите службени патувања.
Истражувањето покажало дека најзатворени се јавните претпријатија. Општините се
поотворени. Градот Скопје, Карпош, Кисела Вода, Пехчево, Штип, Велес и Карбинци
одговориле на сите барања. Во Аеродром не одговараат со образложение дека биле
нова општина, а Бутел барал 9.000 денари за да ја состави информацијата за
составот на училишните одбори.
Од политичките партии бил побаран регистарот на донации за изборите, но тие
одбиле да ги дадат со образложение дека не потпаѓаат под законот. Тие
фигурираат во централниот регистар, па некои од жалбите биле решени во полза на
барателите на информации. И нотарите сметаат дека не се опфатени со Законот за
слободниот пристап до информации.
Законот предвидува прекршочни казни од 20.000 до 50.000 денари за службените
или одговорните лица во институциите што нема да дадат или ќе дадат неточни
информации.
Шуто Оризари не сака прашања
Општината Шуто Оризари не сака ни да ги прими барањата на граѓаните за
информација. Институтот „Отворено општество“ преку граѓани го побарал Статутот
на Општината за да види дали функционира законската обврска информациите да се
даваат и на јазикот на заедниците каде што тие се над 20 отсто. На граѓаните не
им било дозволено ни писмено ни усно да ја побараат информацијата.
Натали Н.Сотировска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

