Свет
Тендери за набавки поголеми од 5.000 евра
Владата го менува Законот за
јавни набавки. Наместо досегашната практика за распишување тендер за набавки
поголеми од 3.000 евра, Министерството за финансии предлага оваа цифра да биде
5.000 евра.
ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Владата го менува Законот за
јавни набавки. Наместо досегашната практика за распишување тендер за набавки
поголеми од 3.000 евра, Министерството за финансии предлага оваа цифра да биде
5.000 евра. Досегашниот член од Законот за јавни набавки велеше дека набавката
од мала вредност, набавувачот во текот на годината може да ја спроведе за
купување стоки во вредност од 3.000 евра, при што треба да обезбеди најмалку
три понуди, од кои ќе ја избере најповолната понуда.
Од досегашната примена на Законот за јавни набавки произлегло дека долгите
рокови за спроведување на редовните постапки, кои во меѓународната практика се
предвидени за големи набавки, се непропорционални за сите набавки над 3.000
евра што се пропишани со законот, велат во министерството. На ова, велат тие,
укажале и странските експерти, кои сметаат дека таквиот пристап е неекономичен
и премногу бирократски, со што драстично се зголемуваат и трошоците за
спроведување на постапките за јавни набавки.
Зголемувањето на најнискиот износ за објавување тендер за јавни набавки,
многумина учесници на јавните тендери го оценуваат негативно. Тие велат дека со
зголемување на износот на јавните набавки нема да се спречат негативностите.
– Секој може да рече дека во досегашните јавни набавки немало фаворизирање
одредени фирми. Ако не се успее да се добие тендерот, жалбите тешко се добиваат
– велат од претпријатие што учествувало на повеќе тендери распишани од
државните институции. Тие велат дека имало практика тендерите да бидат делени
на помали суми, со единствена цел со непосредна спогодба да биде склучен
договор со фирма што е блиска до Владата, без разлика за која партиска
гарнитура станува збор.
– Ако основната идеја е да се надмине бирократскиот пристап и намалување на
трошоците кои фирмите ги даваат за учество на тендерите, тогаш одлуката за
измени на Законот за јавни набавки е за поздравување. Но ако станува збор за
фаворизирање на богатите фирми, тогаш се паѓа во вода – вели сопственик на мала
фирма од Скопје, која досега учествувала на тендерите што ги добиле големите компании.
Покрај измените во делот на минималниот износ на распишување на јавните
набавки, Министерството за финансии предлага и воведување електронски аукции,
како посебен начин на спроведување на постапките за јавни набавки. Со
воведувањето на овие аукции, велат од министерството се очекува да се заштеди и
да се зголеми ефикасноста и економичноста во постапките за јавни набавки.
– Електронските аукции се користат во повеќе земји-членки на ЕУ и досегашните
нивни искуства се позитивни – велат од министерството.
Кај овие електронски аукции се обезбедува директна конкуренција, каде што
понудувачите меѓусебно ги намалуваат понудените цени и во секој момент можат да
видат дали нивната понуда е најконкурентна. Електронските аукции, велат
надлежните, не би требало да дозволат субјективизам при оценувањето на понудите
и претставуваат добра основа за зголемување на транспарентноста.
– Ако се достапни сите информации на сите учесници, се намалува можноста за
фаворизирање, со која би се нарушил принципот на доверливост на понудите или
злоупотребата на дискреции во фазата на процената – напоменуваат од
Министерството за финансии.
Идејата за електронски аукции ја поздравуваат поголемиот број компании што се
учесници на тендерите што ги распишуваат државните институции.
– Ако се биде како што вели законот, тоа ќе биде одлична можност да се види во
самиот момент колку нуди конкуренцијата и ќе може да се преговара и наддава за
понудениот тендер – велат тие.
Г.Г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

