Свет
Партијата на претседателот на Киргистан победи на изборите
Партијата на киргистанскиот претседател, Курманбек Бакијев освои апсолутномнозинство на парламентарните избори, што вчера се одржаа во Киргистан, покажаапрелиминарните резултати.
Партијата на киргистанскиот претседател, Курманбек Бакијев освои апсолутно мнозинство на парламентарните избори, што вчера се одржаа во Киргистан, покажаа прелиминарните резултати. Според преброените 80 отсто од гласовите, партијата „Ак Зол“ има освоено 48 отсто од гласовите, додека далеку на второто место се наоѓа опозиционата Социјалистичка партија со освоени 9,3 отсто гласови. Конечните резултати се очекува да биде објавени доцна попладне, кога и околу 200 набљудувачи на ОБСЕ треба да го изнесат својот став за изворниот процес./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.