Контакт

Свет

Кучма:Кравченко никогаш на би дал заповед за убиство на новинарот Гонгадѕе

Објавено пред

Поранешниот украински претседател Леонид Кучма ја прекина посетата на Чешка и се врати во Украина за да ги каже на обвинителството сите негови сознанија околу смртта на поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Кравченко.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот украински претседател Леонид Кучма ја прекина посетата на Чешка и се врати во Украина за да ги каже на обвинителството сите негови сознанија околу смртта на поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Кравченко. Како што пренесуваат денешните украински медиуми, Кучма веднаш по враќањето, изјавил дека малкумина можат да го издржат притисокот на кој Кравченко бил подложен во последно време. “Добро го познавав. Тој никогаш не би дал извршна заповед да биде убиен новинарот Георгиј Гонгадѕе“, рече Кучма. Екс министерот за внатрешни работи Јуриј Кравченко вчера требаше пред обвинителството да изнесе докази околу случајот на убиството на новинарот Гонгадѕе, но беше пронајден мртов во својата вила во близина на Киев. Првичните информации се дека Кравченко извршил самоубиство. /крај/бг/ст

Свет

(Видео) Американски авион со илегални мигранти пристигна во Гвантанамо

Објавено пред

Американското Министерство за одбрана соопшти дека во поморската база Гвантанамо пристигнал авион со илегални мигранти, осомничени дека се членови на групата „”Tren de Aragua“, пренесува Anadolu.

dobivaj vesti na viber

Пентагон, според написите, преку писмено соопштение го детализираше процесот на префрлање илегални мигранти во заливот Гвантанамо, во кое се потврдува дека во поморската база пристигнал авион со десет мигранти.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги депортира мигрантите во поморската база Гвантанамо на Куба, изјави во вторникот американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.

„Претседателот Доналд Трамп беше многу јасен: Заливот Гвантанамо ќе го има најлошото од најлошото. Започнува денес“, рече Ноем, споделувајќи слики од мигранти со лисици.

Минатата недела Трамп нареди изградба на центар за притвор за мигранти во Гвантанамо за да се сместат до 30.000 криминални мигранти кои тој ги дефинира како „најлоши криминални илегални вонземјани кои му се закануваат на американскиот народ“, пренесува медиумот.

„Некои од нив се толку лоши што не ни веруваме дека земјите ќе ги задржат, бидејќи не сакаме да се вратат“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Во БиХ утре нов дводневен бојкот на продавниците

Објавено пред

На иницијатива на граѓаните утре ќе има нов дводневен бојкот на пазарењето во трговските центри и супермаркетите во Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Неформалните група преку социјалните мрежи повикаа на нов бојкот како одговор на постојаното поскапување на основните прехранбени производи и покрај најавите на владините тела и мерките за нивно ограничување.

Министерот за трговија на БиХ, Амир Хасичевиќ изјави дека Владата планира да ги намали цените и да ги задржи на пониско ниво за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.

Според податоците на даночните управи првиот бојкот на продавниците што го организираа граѓаните на БиХ на последниот ден од јануари не бил успешен.

Граѓанските иницијативи во БиХ, Хрватска и соседните земји продолжуваат да вршат притисок врз властите и трговските синџири со цел да се спречат понатамошни неоправдани поскапувања на основните потреби, според медиумите во регионот.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник

Објавено пред

Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.

Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.

Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија8 часа

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија8 часа

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија9 часа

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија10 часа

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ10 часа

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија10 часа

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија12 часа

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија12 часа

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија12 часа

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија13 часа

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...

Европа14 часа

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет14 часа

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион15 часа

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа15 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет15 часа

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...

Македонија1 ден

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија1 ден

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија1 ден

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија1 ден

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...