Контакт

Свет

Кондово е направен опасен преседан

Објавено пред

Црвенковски: Со Красниќи е прекршен Уставот Не може еден проблем да се решава на тој начин што ќе се креира друг

dobivaj vesti na viber

Претседателот на државата ја обвини Владата дека во случајот со одметникот од Црвенковски: Со Красниќи е прекршен Уставот Не може еден проблем да се решава на тој начин што ќе се креира друг

БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ

Претседателот на државата, Бранко Црвенковски, остро ги нападна Владата, надлежните институции и премиерот Владо Бучковски поради начинот на кој го решаваат ?случајот Красниќиии.

>?Македонија или ќе биде правна држава или нема да биде правна држава, законите или ќе важат подеднакво за сите или ќе промовираме беззаконие. Јас ги поддржувам политичките напори, политичките средства за решавање на проблемите, но тие како своја крајна цел мора да имаат јакнење на институциите и јакнење на авторитетот на институциите, а не нивно понижување или заобиколување. Не може еден проблем да се решава на тој начин што ќе се креира друг, уште поголем проблем со уште потешки последициии, изјави вчера Црвенковски, коментирајќи го на тој начин владиното аминување на повлекувањето на потерницата против кондовецот Агим Красниќи.

Претседателот отворено ја обвини Владата дека со начинот на кој го менаџирала проблемот го нарушила принципот на уставното уредување. ?Фактот што како претседател на државата, за едно прашање коешто по својата дефиниција беше безбедносно прашање подолг временски период, не бев информиран или не бев целосно информиран за активностите што ги преземаат одредени институции, сам по себе говори дека е направено едно нарушување на принципите на уставното уредување во РМ, и тоа е сериозен проблемми, оценува Црвенковски.

Во Кабинетот на премиерот Бучковски одбиваат да ги коментираат изјавите на претседателот на државата. ?Дали е прекршен Уставот или уставното уредување ќе утврди Уставниот судди, одговараат во Владата на обвинувањата од претседателот. Оттаму најавуваат дека во рамките на редовната комуникација со претседателот ќе му бидат доставени сите дополнителни информации кои не се содржани во информацијата на МВР и Министерството за правда. Црвенковски претходно изрази незадоволство поради тоа што со задоцнување ја добил информацијата од владината седница што се одржа во четвртокот и рече дека во неа имало ?многу помалку информации од она што низ разни соопштенија или изјави беше веќе презентирано во јавноста и во медиумитееи. Во Владата демантираат. ?Црвенковски ја доби целосната информација, онака како што беше усвоена на седницатааи, тврдат таму.

Премиерот Бучковски минатата недела, објаснувајќи го пристапот на Владата при решавањето на ?случајот Красниќиии, рече дека ?некому не му било по ќеф ваквото решавање на проблемотти. ?Некој сакаше да биде искористена друга ситуација. Дали треба да имаме повторно војна како во 2001 година??и, праша тогаш Бучковски.

Црвенковски веројатно се почувствува прозван во таа изјава и му реплицираше. ?Правењето некакви аналогии со некакви актуелни случувања денес со она што се случуваше во 2001 година не држи и е погрешно, бидејќи на тој начин се негираат и политиката и резултатите од политиката што се спроведуваше во овие изминати години, почнувајќи од потпишувањето на Рамковниот договор преку целосното негово имплементирање до денесси.

Претседателот вели дека тој би избрал поинакво решение за проблемот во Кондово. ?Сигурно не онака како што во некои медиуми беше пласирано, а тоа е со некаква масовна, робусна полициска акција и да се ризикуваат многу човечки животи, но исто така не сигурно и на ваков начин како што се случи, со овој избран пристап, бидејќи тој е исто толку погрешен, исто толку предизвикува тешки последици за наредниот периодди, оценува Црвенковски.

Шефот на државата е убеден дека Владата и надлежните институции имаат капацитет и легитимитет да спроведат почитување на правната држава на територијата на државата, но, со еден поголем ангажман. Претседателот на државата вчера не даде категорична оцена за односите со премиерот, за кои веќе подолг период се шпекулира дека се нарушени, но рече дека на двете водечки фигури во државата не им е потребен медијатор за да разговараат. ?Ние имаме комуникација, меѓутоа битно е од таа комуникација и од тие разговори да произлезат реални заклучоци и реални поуки за некакви грешки што се направени во изминатиот период и да направиме сите заедно вакви работи повеќе да не се повторуваатти, порача Црвенковски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот

Објавено пред

Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“

dobivaj vesti na viber

„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.

По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.

 

На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.

„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“

Прикажи повеќе...

Свет

Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија

Објавено пред

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.

Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.

Прикажи повеќе...

Свет

Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц

Објавено пред

Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.

Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.

Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.

„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани

Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија10 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија11 часа

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет11 часа

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија13 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија14 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија15 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет15 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет16 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион16 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет16 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет17 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија17 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија18 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет1 ден

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија1 ден

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...