Свет
Масовно откажување од АДСЛ или пониски цени
Корисниците брзиот интернет – АДСЛ услугата во понеделникот го предупредија “Македонски телекомуникации” дека ќе ги раскинат двогодишните договори ако денеска до 10 часот Телеком не ги повлече новововедените ценовни зголемувања
СУРФЕРИТЕ ГО УСЛОВИЈА ТЕЛЕКОМ СО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА БРЗ ИНТЕРНЕТ
Корисниците брзиот интернет – АДСЛ услугата во понеделникот го предупредија “Македонски телекомуникации” дека ќе ги раскинат двогодишните договори ако денеска до 10 часот Телеком не ги повлече новововедените ценовни зголемувања
Корисниците на брзиот интернет – АДСЛ услугата го предупредија “Македонски телекомуникации” дека ќе ги раскинат договорите ако денеска до 10 часот Телеком не ги повлече новововедените ценовни зголемувања. Согласно претплатничките договори корисниците се обрзани услугата да ја користат две години и ако го раскине договорот предвреме претплатникот е обврзан да плаќа казна. Телеком на претплатниците им даде 15 дена рок во кој можат да ги раскинат договорите без да ги плаќаат казните. Но, корисниците најавуваат дека ќе поднесат тужби против операторот со барање за отштета ако одлучи сепак да ги наплаќа казните. “Промените се во спротивност со постојните договори потпишани со “Македонски телекомуникации”, како и со Законот за електронски комуникации и со Законот за заштита на потрошувачите”, се вели во петицијата, која АДСЛ корисниците во понеделникот ја доставија до Телеком. Незадоволните претплатници го обвинуваат Телеком дека од профитерски мотиви ја вовел промената која се косела со заложбите определени во Националната стартегија за информатичко општество. Претплатниците се револтирани и зашто Телеком за измените ги информирал преку објава во дневните весници.
Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) од Телеком побара наместо 15 дена, на корисниците да им даде 30 дена за раскинување на договорот поради промената на договорните услови за користење АДСЛ. “Потрошувачите мора да имаат право на раскинување на договорот без последици. Согласно Законот за електронски комуникации, претплатниците мора да бидат информирани за сите измени во условите наведени во претплатничкиот договор во рок не пократок од 30 дена пред воведување на измените, како и за правото дека во истиот период, без известување или последици можат да го раскинат претплатничкиот договор”, велат од ОПМ и дополнуваат дека за постапката на Телеком ќе разговараат и на седница на Советот на потрошувачи на која ќе поканат претставници на “Македонски телекомуникации”, на Државниот пазарен инспекторат, на Агенцијата за електронски комуникации, како и на Комисијата за конкуренција.
На 30-ти минатиот месец, Телеком преку оглас ги извести корисниците на АДСЛ услугите дека почнувајќи од 1 ноември годинава, по надминување на наведениот месечен сообраќај, веќе нема да ја намалува брзината на пристапот на услугата, туку ќе наплатува 175 денари без ДДВ за секои наредни 512 мегабајти почнат сообраќај. Според договорот за користење АДСЛ, “Македонски телекомуникации” може еднострано да ги менува условите на услугата што им ја дава на потрошувачите. (Т.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.