Свет
Астероид профучи крај Земјата

Астероид со големина на оној кој пред еден век експлодирал во Сибир профучил крај Земјата.
Астероид со големина на оној кој пред еден век експлодирал во Сибир профучил крај Земјата, објави вчера Лабораторијата на НАСА за млазен погон во Пасадена, Калифорнија.
НАСА наведе дека астероидот со ознака 2009 ДД45 во понеделникот наутро минал крај земјата на оддалеченост од околу 78.500 километри.
Тоа е само двојно повеќе од патеката на некои телекомуникациски сателити и околу петтина од оддалеченоста на Земјата до Месецот.
Астероид бил со големина од 21 до 47 метри во пречник. Планетарното друштво на САД наведува дека бил со приближно иста големина како астероидот, кој во 1908. експлодирал над Сибир, уривајќи ги стеблата на шумска површина поголема од 2070 квадратни километри.
Најголемиот дел од луѓето веројатно не го забележала вселенското „промашување“. Астероидот е забележан два дена претходно, а најблиската точка на минување крај земјата била во Тихиот океан, крај Тахити./крај/хн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најстариот премиер на светот навести можност да остане на власт и по 2020 година

Малезискиот премиер Махатир Мохамад (94) навести денеска дека можно е да побара да остане на власт и по 2020 година.
Одговарајќи на форум во Доха за тоа дали ќе замине во пензија во 2020 година, тој рече дека сака да ги реши проблемите направени од претходната влада, пренесува „Ројтерс“.
Во вторникот тој вети дека ќе му ја предаде власта на Анвар Ибрахим, и покрај новите обвинувања за сексуално вознемирување против него, и дека може да биде подготвен да го стори тоа по самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во ноември 2020 година во Малезија.
Денес, сепак, Мохамед рече дека не може да гарантира кој ќе го наследи на премиерската функција.
Регион
Обвинителството во Албанија гони 17 лица по земјотресот – се градело без почитување на стандардите

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51 лице во земјотресот со јачина од 6,4 степени минатиот месец кога се срушија десетици згради, соопшти полицијата, додавајќи дека денеска девет лица се уапсени.
Полицијата и обвинителите наведуваат дека првичните истраги покажале оти една од причините за жртвите во срушените згради е тоа што градителите, инженерите и инвеститорите не се придржувале кон безбедносните правила, норми и стандарди за градење, пренесува „Ројтерс“.
Од деветте уапсени лица, двајца се сопственици на два хотели кои се срушија во Драч кога загинаа четири лица, а третиот е менаџер на хотели кој бил наменет за одмор на полицијата и во којшто загина високо рангиран полициски службеник.
Од полицијата велат дека и двата хотели крај брегот на Јадранското Море биле изградени нелегално.
Се наведува и дека дел од 17-те лица што ги бара обвинителството избегале по земјотресот на 26 ноември.
Регион
ЕУ најави донаторски собир за обнова на Албанија по земјотресот

Европската комисија објави дека членките на ЕУ се согласиле да одржат донаторски собир во Албанија во јануари, со цел да се соберат парични средства за реконструкција на земјата по земјотресот во кој загина 51 лице.
Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајзен рече дека членките на ЕУ ветиле дека ќе помогнат во долгорочната реконструкција, пренесува АП.
Во земјотрес со јачина од 6,4 степени што се случи минатиот месец, повеќе од 13.000 луѓе останаа без покрив над главата, а над 14.000 згради беа оштетени.
Албанија побара меѓународна финансиска помош за реконструкција, која треба да биде завршена до крајот на 2020 година. Владата на Тирана одвои 117 милиони американски долари за таа цел.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија4 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми