Свет
Сменет шефот на украинската дипломатија

Украинскиот Парламент денеска го смени шефот на украинската дипломатија Володимир Огризко, кому се забележува дека ги загрозува односите меѓу Украина
Украинскиот Парламент денеска го смени шефот на украинската дипломатија Володимир Огризко, кому се забележува дека ги загрозува односите меѓу Украина и Русија.
Вкупно 250 пратеници, односно 24 повеќе од потребниот минимум, гласале за смена на министерот, се наведува во соопштението од Парламентот.
Според аналитичарите, гласањето би можело да предизвика големо незадоволство кај претседателот на Украина Виктор Јушченко, кој е наклонет кон Огризко.
Опозиционите партии иницираа оставка на шефот на дипломатија по најавите на Министерството за надворешни работи дека рускиот амбасадор во Киев Виктор Черномирдин ќе стане “персона нон грата“ во Украина поради неговите, наводно, “не многу пријателски изјави“ на сметка на Украина./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија.
Словачкиот премиер Роберт Фицо се придружи на церемонијата на Црвениот плоштад како единствен присутен лидер на Европската Унија.
„Се обидувам да не коментирам за одлуките и однесувањето на државните лидери, но нема сомнение дека е срамно да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“, рече Туск на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.
Претходно денес, Франција и Полска потпишаа договор за зголемување на соработката по прашања од областа на одбраната и енергијата.
Договорот, кој опфаќа прашања од одбраната, енергијата, нуклеарната енергија и транспортот, ги обврза на меѓусебна помош во случај на воена закана.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.
Свет
Братот на новиот папа: Му реков да не го избира Лав

Братот на папата Лав XIV, Џон Превост по изборот на неговиот помлад брат за 267-ми поглавар на Католичката црква во четвртокот вечерта изјави дека тоа е вистински шок за него.
„Беше шокантен момент. Разговарав по телефон со внука ми и не можевме да веруваме. Потоа мобилниот телефон, iPad-от и домашниот телефон полудеа“, го опиша Превост за медиумите за прв пат моментот кога неговиот 69-годишен брат Роберт беше избран за папа.
Лав XIV, тој е најмладиот од трите деца. Неговиот татко бил просветен инспектор, а неговата мајка библиотекарка во јужните предградија на Чикаго.
„Имавме нормално детство. Малку е чудно, но сите тројца знаевме што сакаме да правиме уште од мали нозе“, рече 71-годишниот поранешен директор на католичко училиште.
„Роб знаеше дека ќе биде свештеник од моментот кога можеше да оди“, се сеќава Џон. „Еден сосед еднаш му рекол дека еден ден ќе стане папа. Добро предвидување, нели?“
Братот на папата рече дека разговарале по телефон ноќта пред почетокот на конклавата и разговарале за тоа кое име ќе го избере доколку биде избран за папа.
„Му реков да не го избира Лео, бидејќи ќе биде 13-ти, но очигледно тој направил некои истражувања за тоа“, рече тој, според Index.hr.