Свет
Вооружен напаѓач застрелал најмалку десет лица во Алабама
Најмалку десет луѓе се убиени во масакрот што го направи вооружен маж во две соседни гратчиња во американската сојузна држава Алабама
Најмалку десет луѓе се убиени во масакрот што го направи вооружен маж во две соседни гратчиња во американската сојузна држава Алабама, јавуваат американските медиуми.
Според истите извори, убивањето започнало вчера попладне во градот Самсон, 164 километри јужно од главниот град на Алабама, Монтгомери, каде што четири возрасни лица и едно дете се најдени мртви во една куќа, а уште два трупа се пронајдени во друга куќа.
Напаѓачот, чиј идентитет не е објавен, потоа се одвезол во соседното гратче Женева, на границата со Флорида, пукајќи по патот во едно полициско возило.
Вооружениот по патот убил уште едно лице во продавница покрај патот, а уште човек настрадал на бензинска пумпа, соопшти полицијата. Потоа стигнал до една металуршка фабрика, каде што се застрелал.
Полицијата соопшти дека меѓу жртвите се и сопругата и детете на заменик шерифот на округот Женева, а истражните органи утврдуваат дали напаѓачот ги познавал жртвите.
Полициски извори додаваат дека е можно да има уште жртви или ранети. /крај/хи/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

