Свет
Владата ќе трпи последици за скандалозната изјава
Самостојниот синдикат на науката, образованието и културата (СОНК) е вчудоневиден од леснотијата со која Владата даде тешки квалификации за највисоката делегација на Интернационалата за образование, изјави завчера претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски.
СОНК СО КОНТРАОБВИНУВАЊЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИТЕ
Самостојниот синдикат на науката, образованието и културата (СОНК) е вчудоневиден од леснотијата со која Владата даде тешки квалификации за највисоката делегација на Интернационалата за образование, изјави завчера претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски.
– Да се обвини генералниот секретар дека изјавата за поддршка на нашиот синдикат ја дал изманипулиран од мене е скандалозно и ќе има дополнителни последици – изјави Цветановски на завчерашната прес-конференција.
Според него, Интернационалата за образование е моќна меѓународна организација, што и нејзиниот генерален секретар го прави влијателен човек. Тој, како што рече Цветановски, не може да биде манипулиран и да дава изјави врз основа на манипулација.
– Никој нека не се лаже дека Интернационалата може да биде ССМ и никој не може да очекува дека во нејзиното седиште може да најде некој Ванчо Муратовски и Веселинка Трајковска, кои можат да одработуваат по нарачка – рече Цветановски.
Според него, тврдењето на Владата дека преговорите се прекинати поради дополнителни консултации е невистина.
– Постојат несоборливи докази за вистинската причина за прекинот, а тоа е изјавата на министерот за култура Благоја Стефановски – рече Цветановски.
Тој појасни дека, по прекинот, двапати било упатено барање за продолжување на преговорите, но досега не им било одговорено.
– По завршувањето на Конгресот на СОНК, што ќе се одржи наскоро, ќе и оставиме на Владата десетина дена да ги продолжи преговорите. Во спротивно, ќе бидат преземени сите можни легални и институционални мерки – рече Цветановски, не сакајќи да прецизира за какви мерки станува збор, за да не биде сфатено како притисок.
Цветановски смета дека не држат тврдењата дека постојат два синдиката во овие дејности, бидејќи и самиот министер за труд и социјална политика пред членовите на делегацијата на Интернационалата за образование признал дека нема друг регистриран синдикат.
– Неговото присуство на таканаречениот конгрес на СОНК при ССМ само говори за вмешаноста на власта во овие случувања – додаде Цветановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По 11 години, осум семејства на патници на летот MH370 добија отштета
Суд во Пекинг ѝ наложи на „Малезија ерлајнс“ да им исплати отштета на семејствата на осум патници на исчезнатиот лет MH370. Секое семејство има право на 2,9 милиони јуани, што е околу 352.600 евра, пренесува „Скај њуз“.
Летот MH370 мистериозно исчезна во 2014 година на пат од Куала Лумпур до Пекинг, предизвикувајќи една од најголемите пребарувања во историјата на воздухопловството. Бидејќи авионот и патниците никогаш не се пронајдени, тие се прогласени за законски мртви. Повеќето од патниците беа кинески државјани, а нивните семејства сè уште бараат одговори.
Судот, исто така, објави дека 23 други случаи се во тек, додека во 47 други се постигнати договори и тужбите се отфрлени. Минатата недела, малезиската влада објави дека потрагата по авионот ќе продолжи на 30 декември.
Последната комуникација од авионот е снимена околу 40 минути по полетувањето, додека летал над виетнамскиот воздушен простор.
Податоците од радарот покажаа дека авионот нагло се свртел налево, летајќи над Малајскиот Полуостров. Истражителите веруваат дека се урнал во Индискиот Океан, западно од Австралија. Оттогаш, неколку мали парчиња остатоци кои беа пронајдени се верува дека припаѓаат на исчезнатиот авион, кој превезувал 227 патници и 12 членови на екипажот.
Сепак, без да ги пронајдат остатоците и црните кутии, истражителите не можат со сигурност да утврдат што точно се случило.
фото/депозитфотос
Свет
Украинските сили подигнаа знаме во Покровск
Украинските сили подигнаа знаме во Покровск како одговор на руските тврдења дека градот е освоен. Според ББС, борбите продолжуваат, а украинските единици се повлекуваат, но тврдат дека сè уште го контролираат северниот дел од градот.
Командантот на украинската јуришна единица „Скала“, Јуриј, наредил на двајца војници да го подигнат украинското знаме за да го покажат присуството на Украина. Украинските сили координираат напади преку преноси од дронови и велат дека пружаат отпор на руското напредување.
Битката за Покровск трае речиси 18 месеци и градот е сериозно разрушен. Русите напредуваат од југ со мали тимови кои се обидуваат да се инфилтрираат зад украинските линии, но украинските команданти тврдат дека брзо ги неутрализираат.
Украинските војници велат дека ситуацијата е „тешка, но под контрола“, додавајќи дека Русија има поголем број на војници и повеќе дронови со термовизиски камери. Тие опишуваат постојано руско надлетување со дронови и интензивни борби во урбаната зона.
фото: илустрација
Свет
Лукашенко: Западот се милитаризира, Белорусија мора да ги засили одбранбените капацитети
Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди на милитаризацијата на западните земји.
Според него, поради ова, потребно е да се зајакнат одбранбените капацитети на Белорусија.
Зборувајќи на седницата на Советот за безбедност на Белорусија, Лукашенко нагласи дека националната одбрана и воената безбедност се приоритет во сегашната глобална ситуација, објави Белта.
„Не можеме да ја игнорираме оваа мобилизација и милитаризација. Овие земји нема само да потрошат огромни суми пари на она што го нарекуваат конфронтација меѓу Русија и Белорусија. Немаме намера да напаѓаме никого“, рече Лукашенко.
Тој додаде дека е потребно да се ажурираат одбранбените акции на Белорусија за да се демонстрира подготвеноста на земјата да ја заштити „секоја педа од територијата“.

