Свет
Шпанската тајна служба загрижена од целите на Гаспром
Рускиот нафтен гигант сака да ја „монополизира испораката на енергенси во Европа”, смета шпанската тајна служба, на која се повикува весникот Публико
Рускиот нафтен гигант сака да ја „монополизира испораката на енергенси во Европа”, смета шпанската тајна служба, на која денеска се повикува весникот Публико.
Повикувајќи се на таен извештај на разузнавачката служба ЦНИ, дневникот тврди дека Гаспром со другите извозници како што се Иран, Алжир, Нигерија, Екваторијална Гвинеја, „преговора” за „преземање на контролата над енергетските извори надвор” од Русија.
Гаспром тежнее да „стане единствениот добавувач на гас во Европа”, тврди Публико.
За таа цел Гаспром склучил серија „важни договори за енергетска соработка” со неколку латиноамерикански земји: Венецуела, Боливија и Бразил.
ЦНИ тврди дека Гаспром сака да ја преземе контролата над проектот за гасоводот кој би ја поврзал Нигерија со Европа, преку Нигер и Алжир.
Шпанија речиси воопшто не зависи од рускиот гас, бидејќи го добива од Северна Африка.
Меѓутоа, Гаспром се обидува да влезе на шпанскиот пазар и во ноември покажа интерес за купување акции од националната група Репсол, што предизвика силен отпор.
Во март Гаспром потпиша договор со шпанската група Гас Натурал, што ќе му овозможи купување на електрани во Шпанија.
Гаспром е првиот светски производител на гас и игра клучна улога во снабдувањето на Европа. Компанијата учествуваше во дипломатските тензии меѓу Русија и Украина, чиј спор за цената на рускиот гас остави многу европски земји без плин во текот на зимата/крај/хина/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА
Свет
Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена
Иранската државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили Абдолрахим Мусави е убиен во напади врз Иран.
Тој беше меѓу околу 30 клучни лидери на иранскиот режим и воени команданти за кои се тврди дека биле цел на вчерашните заеднички напади на САД и Израел.
Мусави беше тој што пред пет дена им се закани на САД во име на иранските власти, што е најтешката закана дотогаш.
„Ако овој пат направат грешка, ќе им нанесеме големи загуби, бидејќи нашите вооружени сили се решени да се спротивстават на силата што врши заплашување до самиот крај“, рече Мусави.
Фото: depositphotos
Свет
Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција
Израелската војска соопшти дека почнала широк бран напади врз цели на иранскиот режим во срцето на Техеран, во рамки на операцијата наречена „Рик на лавот“.
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата. Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се „отвори патот кон Техеран“.
Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираат дека во последните 24 часа израелски борбени авиони фрлиле повеќе од 1.200 парчиња муниција врз Иран. Според ИДФ, биле погодени стотици ирански воени цели, вклучувајќи лансери на балистички ракети и системи за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, трет круг сирени за тревога поради проектили се огласил на северот на Израел. Силни детонации биле слушнати и во подрачјето на Ерусалим, но засега нема информации за повредени или материјална штета.
Нови сирени се огласиле во регионот на Ерусалим, како и низ Тел Авив и други градови во централниот дел на земјата, по предупредувања за дојдовен ракетен напад од Иран.

