Свет
Групен погреб и национална жалост во Италија
Групен државен погреб на жртвите од земјотресот што вo понеделникот ја погоди централна Италија ќе се одржи денеска, а во земјата е прогласен и
Групен државен погреб на жртвите од земјотресот што вo понеделникот ја погоди централна Италија ќе се одржи денеска, а во земјата е прогласен и национален ден на жалост.
Според најновите информации, билансот на жртвите во катастрофалниот земјотрес се приближува до 300 луѓе, од кои најмалку 16 се деца.
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано вчера ја посети Аквила, главниот град на областа Абруцо, која што е најтешко погодена од земјотресот, а италијанските медиуми јавуваат дека избледува надежта за пронаоѓање на уште преживеани под урнатините.
Од 20 до 30 луѓе сè уште се водат за исчезнати, а 1.170 се повредени. Од нив 179 се во тешка состојба. Проценките говорат дека околу 28 илјади луѓе останале без своите домови.
Нови земјотреси сè уште се чувствуваат во областа, а најсилниот бил регистриран вчера утро и бил со јачина од 5,2 степени по Рихтеровата скала.
Италијанската амбасада во Македонија соопшти дека денеска ќе отвори книга на жалост. Амбасадата соопшти дека е отворена жиро-сметка за донација на помош на настраданите. /крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Пукање во близина на Белата куќа: има повредени
Во близина на Белата куќа, седиштето на американскиот претседател, се случила пукотница во која биле застрелани неколку војници од Националната гарда, пишува „Дејли меил“.
Според написите, поради оваа пукотница имало целосна блокада на улиците пред Белата куќа.
🚨 BREAKING: MULTIPLE National Guard soldiers SHOT near the White House in DC.
At least three reported injured.
Shooter reportedly still at large.
Law enforcement responding from across the city.
PRAY FOR OUR TROOPS 🙏🏻 pic.twitter.com/51jhd6BQcS
— ᴰⁱᵍⁱ Gal (@DigitalGalX) November 26, 2025
Според извештајот на „Би-Би-Си“, три лица биле застрелани, а нивната состојба не е позната.
Според „Дејли меил“ напаѓачот сè уште не е идентификуван,а потрагата по него сè уште е во тек.
Фото: притнскрин
Свет
Кличко: Попуштање пред Путин
Обидите да се изврши притисок врз Украина и да се присили да се согласи со руските услови одат рака под рака со плановите на рускиот претседател Владимир Путин за војна против европските земји, изјави денес градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
„Обидите да се изврши притисок врз Украина и да се присили да се согласи со руските услови се соучесници во плановите на Путин за војна против европските земји. Русија конечно мора да биде лишена од можноста да го уценува демократскиот свет и да ја загрозува неговата безбедност“, рече Кличко за време на онлајн состанокот на Европската народна партија (ЕПП), кој се одржа на иницијатива на претседателот на таа партија, Манфред Вебер, пренесува РБК Украина.
Тој нагласи дека европските партнери треба активно да учествуваат во дискусијата за „мировниот план“, кој, како што изјави, треба да се базира на принципите на територијален интегритет, суверенитет, сигурни гаранции за безбедност и правото на Украина сама да ја одреди својата иднина.
„Нагласив дека Европа треба активно да учествува во дискусијата за мировниот план. И тој план треба да се базира на принципи како што се: територијален интегритет на Украина, нејзин суверенитет и право да ја одреди својата иднина, сигурни безбедносни гаранции. Ова се принципиелни прашања! Бидејќи зборуваме за иднината не само на Украина, туку и за идниот безбедносен систем и стабилен развој на цела Европа“, заклучи Кличко.
Фото: ЕПА
Свет
Зеленски: Русија ги отфрла сите мировни напори, санкциите мора да се заострат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, известувајќи на социјалната мрежа X. Зеленски рече дека лично ѝ се заблагодарил за нејзината „јасна позиција и пораки за поддршка на Украина“ што ги изнесе за време на денешниот говор во Европскиот парламент во Брисел.
„Целосно се согласуваме: сè додека Русија продолжува да ги отфрла сите мировни напори, санкциите против неа мора да бидат заострени, а одбранбената и финансиската помош за Украина мора да продолжат“, рече Зеленски.
Тој додаде дека една од темите на разговорот биле замрзнатите руски средства, од кои голем дел се наоѓа во земјите на Европската Унија.
Во тек е дебата за тоа дали овие средства можат да се користат за финансирање на украинската одбрана. „Разговаравме за моменталната дипломатска ситуација и работата на Европската Унија за одлуката за користење на замрзнатите руски средства за одбрана на Украина“, заклучи украинскиот претседател.
Тој додаде дека една од темите на разговорот биле замрзнатите руски средства, од кои голем дел се наоѓа во земјите на Европската Унија.
Во тек е дебата за тоа дали овие средства можат да се користат за финансирање на украинската одбрана. „Разговаравме за моменталната дипломатска ситуација и работата на Европската Унија околу одлуката за користење на замрзнатите руски средства за одбрана на Украина“, заклучи украинскиот претседател.
Фото: принтскрин X

