Контакт

Свет

Демонстрантите во Бангкок грабнале тенк и оклопни возила

Објавено пред

Толпа демонстранти запоседна најмалку еден тенк и неколку оклопни возила во тајландската престолнина Бангкок, каде што има масовни антивладини

Толпа демонстранти запоседна најмалку еден тенк и неколку оклопни возила во тајландската престолнина Бангкок, каде што има масовни антивладини протести, а денеска е воведена и вонредна состојба.

Грабнатиот тенк е од составот на армиските единици мобилизирани за поддршка на редот во градот. Во Бангкок се слушаат истрели, но засега нема официјална информација дека војската користи оружје.

„Протестите се реширија низ многу делови на Бангкок. Демонстрантите презедоа контрола врз тенк и неколку оклопни возила“, изјави полицискиот наќалник Супорн Фансуа. /крај/фк/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп вети 738 милијарди долари за одбраната

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе потпише законот за одбрана, за кој се предвидени 738 милијарди долари наменети за сите политики од семеен одмор до воени авиони.

„Сите наши приоритети влегоа во НДДА: Зголемување на платите на нашите војници, изградба на нашата армија, граничната безбедност и вселенските сили“, напиша Трамп на „Твитер“ и порача дека Конгресот не треба повеќе да го одлага законот и веднаш да го потпише, пренесе „Ројтерс“.

Двата дома на Конгресот треба да го изгласаат законот за да стапи на сила, но демократите најавија дека ќе гласаат против.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Стотина птици паднале мртви на улица во Британија, засега не е познато зошто

Објавено пред

Хана Стивенс вчера северно од селото Бодедерн во Велс била на патот кон својот доктор, кога на небото забележала големо јато птици.

Околу еден час подоцна, кога се враќала дома, видела дека птиците лежат мртви на улицата. Му се јавила на нејзиниот партнер Дејвид Едвардс и му кажала што се случило.

„Ми се јави на телефон и ми рече дека не може да поверува во она што го гледа. Да бидам искрен, ниту јас не поверував веднаш“, изјави Едвардс за „Скај њуз“.

Тој одлучил да појде на местото и самиот да увиди за што станува збор.

„Беше многу вознемирувачко. Мислам дека видов стотина мртви. Инстиктот ми говори дека се отруени, но не знам. Тешко е да се каже“, изјави Едвардс.

Двојката ја контактирала полицијата и Агенцијата за заштита на животните која веднаш почнала истрага.

Прикажи повеќе...

Свет

Тунберг изненадена што „Тајм“ ја прогласи за личност на годината

Објавено пред

Шведската активистка Грета Тунберг изјави денеска дека е малку изненадена што е прогласена за личност на годината од магазинот „Тајм“.

Додека ја напушташе Конференцијата за климатски промени на ООН во Мадрид, Тунберг изјави за АП дека сака да им ја посвети наградата на сите млади активисти.

Сега планира да се врати дома во Шведска  и да одмори за време на празниците.

„Ако не направите паузи, нема да можете да продолжите“, рече 16-годишната активистка.

„Тајм“ ја прогласи Тунберг за личност за 2019 година, поради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Македонија4 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија4 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија5 часа

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет6 часа

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Македонија8 часа

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија9 часа

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Свет9 часа

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија9 часа

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет11 час

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет11 час

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион11 час

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија24 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија1 ден

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет1 ден

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион1 ден

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија1 ден

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија1 ден

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Досие