Свет
Јапонија бележи дефицит прв пат за 28 години
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/a39a4d80-d92e-4a09-aee8-6d4aa5785a8b.jpeg)
Јапонија во надворешно трговската размена во изминатата фискална година оствари дефицит, што е прв пат во последните 28 години
Јапонија во надворешно трговската размена во изминатата фискална година оствари дефицит, што е прв пат во последните 28 години, соопшти денеска јапонското министерство за финансии.
Трговскиот дефицит на Јапонија, во фискалната година која заврши на 31 март, изнесува 725,32 милијарда јени (7,38 милијарди долари)
Ваквиот резултат се појаснува со драстично намалениот извоз во САД и останатите водечки економии во светот.
Јапонија последен пат остварила дефицит во 1980 година поради драстичниот пораст на цената на нафтата. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/Kalifornija-pozar.jpg)
Американската осигурителна компанија Алстејт иншуренс (Allstate Insurance) денеска го соопшти својот план за исплата на 1,1 милијарда долари (1,65 милијарди евра) за покривање на штетите предизвикани од пожари кои ја зафатија Јужна Калифорнија во јануари. Иако сумата е значајна, компанијата истакна дека успеала делумно да ги намали своите загуби со повлекување од пазарот во Калифорнија, како што го соопшти Си-Ен-Ен.
Сепак, според извори, износот што треба да го плати Allstate е само мал дел од вкупните побарувања за осигурување по јануарските пожари.
Се очекува сопствениците на околу 16.600 недвижнини да бидат обесштетени, а истражувачката компанија CoreLogic, која ги следи трошоците за катастрофи како што се пожари и урагани, оценува дека вкупните побарувања може да се движат помеѓу 35 и 45 милијарди долари.
Поради зголемената опасност од шумски пожари во повеќе области на Калифорнија, многу осигурителни компании, вклучувајќи ја и Allstate, ги откажуваат полисите за сопствениците на куќи, што резултира со поскапи и често ограничени осигурителни алтернативи.
Свет
Деца починаа од предизвик на „Тик ток“, родителите ја тужат социјалната мрежа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/a43e7e5f-6303-4474-9b26-67d7da29d83b.jpg)
Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа „Тик ток“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар со предизвик на социјалната мрежа.
Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години починале додека учествувале во „предизвикот онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, јави Гардијан.
Правниот центар за жртви на социјалните медиуми со седиште во САД пред два дена поднесе тужба во име на родителите против „Тик ток“ и нејзината кинеска матична компанија.
Свет
Трамп: Најверојатно ќе се сретнам со Зеленски следната недела
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/zelenski-tramp-EPA.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот план за Појасот Газа, според кој САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија што ќе биде испразнета од нејзините жители за да може повторно да се изгради, не бара „брзање“.
„Апсолутно нема брзање“, рече американскиот претседател.
Тој вчера изјави дека Газа „ќе биде предадена на САД од Израел на крајот на борбите“. Дотогаш, Палестинците „веќе ќе бидат преселени“ на друго место во регионот, особено во Египет или Јордан.
Двете земји ја отфрлија таквата опција, што исто така предизвика меѓународни критики, со предупредување од ОН дека тоа може да биде „етничко чистење“. Тоа беше жестоко отфрлено и од Хамас и од палестинската управа на Западниот Брег.
Во денешното кратко обраќање пред новинарите во Овалната соба, Трамп исто така рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела.
„Веројатно ќе се видиме следната недела“, рече тој.
Повтори дека има намера да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин. За време на неговата кампања, Трамп вети дека веднаш ќе стави крај на војната во Украина по неговото враќање на власт.