Свет
Единственото прасе во Авганистан во карантин поради грипот

Управата на Зоолошката градина во Кабул го стави во изолација единственото прасе во Авганистан поради стравот од свинскиот грип
Управата на Зоолошката градина во Кабул го стави во изолација единственото прасе во Авганистан поради стравот од свинскиот грип.
„Времено го ставивме прасето во карантин поради свинскиот грип“, изјави директорот на Зоолошката градина Азис Гул Сакиб.
„Повеќето луѓе немаат многу информации за свинскиот грип и кога ќе го видат прасето би можеле да се исплашат дека може да се заразат. За да ги смириме посетителите, одлучивме тие да не го гледаат прасето“, образложи Сакиб.
Прасе беше подарено на Авганистан заедно со други животни во 2002 година од Кина, која со тоа сакаше да придонесе за возобновување на главната Зоолошка градина во земјата, лоцирана во главниот град.
Кабулската Зоолошка градина беше речиси целосно уништена за време на граѓанската војна од 1992 до 1996.
Конзумирањето свинско месо е забрането од исламот, па во Авганистан ниту една фарма не одгледува свињи./крај/афп/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ги погоди Филипини

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Филипинскте Острови, соопшти германскиот истражувачки центар за геонаука ГФЗ.
Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за жртви или евентуална материјална штета.
Регион
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во врска со безбедносната состојба во регионот изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и изрази уверување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како пред 30 години.
„Со големо внимание ги следиме сите политички настани, не само во Босна и Херцеговина, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека ги следат и меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации“, изјави Анушиќ за новинарите во Книн, објави Хрватската радио и телевизија.
Тој изрази уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развива како пред 25 или 30 години, но дека ќе биде „контролирана и нема да оди во несакана насока“.
На новинарско прашање за настаните во Босна и Херцеговина, Анушиќ рече дека се надева дека нема да има ескалација.
Свет
Ердоган: Турција е еден од епицентрите на „мировната дипломатија“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не е само извор на стабилност во нејзиниот регион, туку и еден од епицентрите на „мирната дипломатија“.
На состанокот на парламентарната група на неговата Партија, Ергодан рече дека регионот на Блискиот Исток минува низ тежок процес на тензии и војни, како и други различни делови од светот, нагласувајќи дека Турција се обидува да придонесе за мирот и правдата надвор од нејзините граници, јави Анадолија.
„Како Турција, работиме на воспоставување клима на мир која обезбедува доверба и мир на сите страни на светот, особено на угнетените земји“, рече Ердоган, пренесува Танјуг.