Свет
Вкупно 8 480 заразени од новиот грип, 72 починати

Вкупно 72 лица починаа, а 8 480 се заразени во 39 земји, од грипот од типот А(H1N1), соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО)
Вкупно 72 лица починаа, а 8 480 се заразени во 39 земји, од грипот од типот А(H1N1), соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Новиот биланс укажува на намалување на бројот на заразени, вооднос на изминатите денови, кога СЗО регистрираше по 1 000 нови случаи на заболени на ден.
Најмногу заразени, 4 714 има во САД, каде до сега починаа четири лица. Потоа следува Мексико со 2 895 заразени, но 66 починати.
Најнови земји каде се појави новиот грип се Турција, Индија и Малезија. /крај/бе/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Само Трамп и Путин можат да го намалат ризикот од Трета светска војна

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, повторно проговори за обидите да се запре војната меѓу Русија и Украина.
Орбан, долгогодишен сојузник на Владимир Путин, рече дека „ризикот од Трета светска војна може да се намали само со средба меѓу Трамп и Путин“.
Во исто време, тој му противречеше на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој претходно изјави дека процесот на членство на Украина во ЕУ треба да се забрза.
„Потврдено е дека членството на Украина во Европската унија не обезбедува безбедносни гаранции; затоа, поврзувањето на членството и безбедносните гаранции е непотребно и опасно“, напиша Орбан на социјалните медиуми.
Тој додаде дека Унгарија ги поздравува чекорите договорени во разговорите меѓу Трамп и Путин и го поддржува продолжувањето на преговарачкиот процес, со акцент на одржување на втора средба меѓу претседателите на САД и Русија.
„Исто така, на дневен ред ја држиме унгарската иницијатива Унијата да предложи одржување на европско-руски самит што е можно поскоро“, рече Орбан.
Свет
Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов да присуствува на мировна конференција, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.
Минатата година, федералната влада дефинираше правила за давање имунитет на лице за кое е издадена меѓународна потерница.
„Ако тоа лице дојде на мировната конференција, а не од приватни причини“, рече Касис на прес-конференција со италијанскиот колега Антонио Тајани во Берн.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја спомена можноста за мировен самит меѓу Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски да се одржи во Европа, и тоа би била една од неутралните земји, можеби Швајцарија. Тој додава дека се залага тоа да биде Женева, инаку и европското седиште на ОН.
Касис е целосно подготвен да организира таков состанок, истакнувајќи ја швајцарската експертиза во оваа област. Сепак, тој додава дека Русија е навредена од Швајцарија.
Имено, таа инаку неутрална европска земја одлучи да воведе санкции кон Москва во согласност со Европската Унија по руската инвазија на Украина во 2022 година.
„Постојано потсетував на мојата подготвеност (да организирам состаноци) за време на контактите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во последните месеци (…) Ми беше кажано дека откако Швајцарија усвои европски санкции, тие природно изгубија дел од желбата да го сторат тоа во Швајцарија“, призна шефот на швајцарската дипломатија.
Свет
Меланија ми рече дека е апсолутно прекрасно – Трамп за писмото што му го предаде Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека намерно не го прочитал писмото што му го предаде украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера.
Зеленски за време на состанокот во Овалната соба му даде на Трамп писмо од неговата сопруга, адресирано до Меланија Трамп.
Ова се случи откако првата дама на Соединетите Американски Држави му напиша писмо на Путин.
Зборувајќи за писмото на Олена Зеленска, Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека било запечатено. „Меланија ми рече дека е апсолутно прекрасно писмо“, рече тој.
„Сигурен сум дека е прекрасно писмо“.