Свет
НАТО призна цивилни жртви во Авганистан

НАТО соопшти денеска дека при воздушен напад врз исламски бунтовници во јужниот дел на Авганистан, се убиени осум цивили
НАТО соопшти денеска дека при воздушен напад врз исламски бунтовници во јужниот дел на Авганистан, се убиени осум цивили.
Како што пренесува Макфакс, нападот бил извршен јужно од Лашкар Гах, во провинцијата Хелманд, упориште на талибанците и најголем реон за производство на опиум.
Инцидентот се случил кога патрола на ИСАФ била нападната од 35 бунтовници, при што војниците побарале помош. Авион го бомбардирал подрачјето, при што нападот на бунтовниците бил спречен, но биле убиени осум цивили.
Командата на НАТО жали што по којзнае кој пат бунтовниците користат цивили како жив штит. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Дронови над Москва – прекинат авионскиот сообраќај

Во раните утрински часови, Москва и околината беа погодени од голем напад со дронови. Жителите на Зеленград и други предградија пријавиле силни експлозии – неколку згради претрпеле оштетувања, а прозорците биле искршени од експлозиите.
Во едно маало се запалиле два автомобили, најверојатно од паднати делови од дрон. Луѓето во селото Голубво изјавиле дека ѕидовите и прозорците им се треселе од силните детонации.
🇷🇺💥🇺🇦The massive attack on Moscow continues: cars are burning in Zelenograd
▪️The Russian army destroyed 14 enemy UAVs that attacked Moscow, Sergey Sobyanin reported at 2:20.
▪️Another 3 UAVs were destroyed from 22:00 to 1:16.
▪️Emergency services are working at the sites of… pic.twitter.com/napqMJV3gY
— 𝐃𝐚𝐯𝐢𝐝 𝐙 🇷🇺 🇷🇺 (@SMO_VZ) July 19, 2025
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 16 дронови кои се движеле кон градот. Поради нападот, сите аеродроми во Москва – Шереметјево, Домодедово, Внуково и Жуковски – привремено го прекинале авиосообраќајот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека за една ноќ се соборени вкупно 93 дронови во девет различни региони, од кои 19 само над Москва.
Свет
(Фото) Кабул на работ на катастрофа: прв главен град во светот што може да остане без вода

Главниот град на Авганистан се соочува со сериозна водна криза која станува се’ поопасна и неподнослива за локалното население. Со растечката популација и климатските промени, подземните води од кои Кабул зависи драстично се намалуваат, а околу 80% од нив се контаминирани, што доведува до здравствени проблеми кај граѓаните.
Според податоците на хуманитарната организација „Мерси Корпс“, во последната деценија нивото на подземните води во Кабул опаднало за околу 30 метри, предизвикувајќи пресушување на речиси половина од бунарите во градот. Годишната потрошувачка на вода надминува 44 милиони кубни метри повеќе отколку што природата може да ја надополни.
Многу семејства се принудени со часови да чекаат или да плаќаат високи цени за вода од приватни снабдувачи. Една од нив е и Рахила, мајка на четири деца, која секое утро излегува со канти за да обезбеди вода за пиење.
„Немаме вода, секоја голтка е скапа и мораме да штедиме дури и на храна“, вели Рахила.
Се проценува дека 80% од подземните води во Кабул се контаминирани со фекалии од импровизирани тоалети и индустриски отпад. Жителите редовно страдаат од дијареа и повраќање.
– Постојано сме болни. Доволно е да ги измиеме забите со таа вода – раскажува Сајед Хамед, државен службеник со тројца деца.
Климатските промени дополнително ја влошуваат состојбата – снегот кој порано ја одржуваше водата во подземните извори сега е заменет со краткотрајни, но интензивни врнежи, кои не го обновуваат нивото на водата, туку предизвикуваат поплави.
УНИЦЕФ предупредува дека доколку не се преземат итни мерки, Кабул може целосно да остане без подземна вода до 2030 година.
Политичката нестабилност и намалената меѓународна помош откако талибанците ја презедоа власта, дополнително ги отежнуваат напорите за справување со кризата. Хуманитарните организации имаат ограничени средства и потребни им се стотици милиони долари за обнова на системите за водоснабдување.
Свет
(Видео) Авион со 235 патници се запали додека леташе над Тихиот океан

Патнички авион на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“, кој летал кон Атланта, мораше итно да се врати на аеродромот во Лос Анџелес откако се појавил оган во левиот мотор веднаш по полетувањето. Станува збор за авион од типот „Боинг 767-400“, кој безбедно слета, а противпожарните служби веднаш интервенираа и го изгасија пожарот.
Инцидентот се случил додека леталото било над Тихиот Океан, набргу по напуштањето на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Според изјавата од авиокомпанијата, пилотите забележале аларм за дефект на моторот и веднаш прогласиле вонредна состојба.
Контролата на летање му дала приоритет на авионот за враќање, а противпожарните и спасувачките екипи го очекувале на пистата.
На снимки кои беа објавени на социјалните мрежи, може да се види како од левиот мотор излегуваат пламени јазици.
Boeing 767 of Delta
Inbound for LAX
Engine caught fire, couple of hours agoBoeing, what’s going on? pic.twitter.com/pu3kRBoBFO
— Dr MJ Augustine Vinod 🇮🇳 (@mjavinod) July 19, 2025
Во авионот имало 235 патници, кои безбедно се евакуирани по слетувањето. Еден од патниците изјавил дека капетанот информирал оти противпожарните екипи проверуваат дали пожарот навистина е изгаснат.
Федералната авијациска управа на САД (FAA) ја започна истрагата за да го утврди точниот причинител на пожарот. Засега, конкретниот технички дефект кој довел до инцидентот сè уште не е официјално потврден.