Контакт

Свет

Обама ја потврди решеноста да го затвори Гвантанамо

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама ја повтори решеноста да го затвори притворниот центар во Гвантанамо и да го расчисти „нередот” што му го

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Барак Обама ја повтори решеноста да го затвори притворниот центар во Гвантанамо и да го расчисти „нередот” што му го оставил неговиот претходник.

„Цената која би морале да ја платиме оставајќи го (Гвантанамо) отворен далеку ги надминува компликациите кои произлегуваат од неговото затворање”, рече Обама

Претседателот повтори дека притворениците од Гвантанамо, на Куба, ќе бидат префрлени во американските затвори, покрај загриженоста, која овој предлог ја предизвика во јавноста.

Демократите, сопартијци на Обама одбија да одобрат 80 милиони долари за затворање на логорот, тие од него бараат точно да наведе што ќе направи со 240 затвореници од Гвантанамо.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Објавено пред

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави денес Укринформ.

dobivaj vesti na viber

Шефот на регионалната администрација на Запорожје, Иван Федоров, ја информираше јавноста преку Телеграм за нападот, во кој беа погодени најмалку шест различни локации во регионалниот центар, објави Укринформ.

Според него, руски беспилотни летала погодиле индустриско претпријатие и територија на гаражна задруга, што довело до големи пожари.

Во нападот немало загинати цивили, а Федоров потврди дека немало жртви, и покрај сериозната материјална штета.

Исто така, нападот предизвикал голема штета на инфраструктурата, но сепак, напорите на воздушната одбрана во Запорожје помогнале да се намали потенцијалната опасност од поголеми последици.

Сегашната состојба во Запорожје е стабилизирана, а властите продолжуваат да ја проценуваат штетата.

Сообраќајот на мостот над реката Дон во областа Калачев во рускиот Волгоградски регион е привремено ограничен за расчистување на остатоците од „масивниот“ украински напад со беспилотни летала, соопшти канцеларијата на регионалниот гувернер утрово.

Гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, во објава на апликацијата за пораки Телеграм, изјави дека никој не е повреден во нападот. Во моментов нема информации дали мостот над реката, петтиот најдолг во Европа, е оштетен.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана уништила 39 украински беспилотни летала преку ноќ над руска територија и Кримскиот Полуостров, вклучувајќи 13 над Волгоградскиот регион.

Аеродромот во Волгоград беше затворен повеќе од три часа пред сообраќајот да се врати непосредно пред 7 часот наутро по локално време, соопшти рускиот орган за цивилно воздухопловство „Росавијација“.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Силно невреме во Австрија, уништени автомобили

Објавено пред

Силно невреме денес предизвикало значителни штети во некои места во Тирол, Австрија. Во округот Швац и поширокиот регион Кицбил биле потребни повеќе интервенции од противпожарните служби, додека во Фиген во Цилертал е забележано силно невреме проследено со град.

dobivaj vesti na viber

Додека низ Фиген течеле надојдени потоци, град искршил бројни автомобилски стакла. На повеќе локации во општината, по попладневното невреме останал слој град дебел неколку сантиметри, кој морал да се отстранува со лопати, а на места и со багери.

Во регионите Пил и Вер паднале повеќе дрвја поради силниот ветер. Во доцните попладневни часови пожарникарите биле повикувани на повеќе интервенции во поширокиот регион на Кицбил, каде што имало навлегување на вода во објекти.

https://twitter.com/i/status/1938261420191211821https://twitter.com/i/status/1938261420191211821

Невреме имаше и во Франција. Две лица загинаа во Франција за време на силните бури што ја погодија земјата по период на екстремни горештини, објавија локалните медиуми повикувајќи се на властите. Во департманот Тарн-е-Гарон на југот на Франција, 12-годишно момче загинало кога врз него паднало дрво додека со семејството се обидувало да се засолни, јави телевизијата BFMTV. Во едно село на северозападот од Франција, возач загинал откако удрил во дрво кое паднало преку патот, јави телевизијата Ici.

Во многу делови од Франција температурите се искачиле значително над 30 степени Целзиусови, по што следеле грмежливи бури. Ударите на ветер достигнувале и до 120 километри на час, што предизвикало предупредување за опасни временски услови во 57 департмани.

Во Париз, премиерот Франсоа Бајру ги повикал жителите на погодените подрачја на особено внимание. Според BFMTV, силниот дожд предизвикал навлегување на вода во зградата на парламентот додека пратениците заседавале.

На врвот на Ајфеловата кула се измерени ветрови со брзина од 112 километри на час. Обилните врнежи поплавиле многу метро-станици и предизвикале проблеми во сообраќајот во главниот град. Температурата во Париз паднала за 11 степени за само 20 минути.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин за ситуацијата на Блискиот Исток: Се смирува

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток се смирува и дека конфликтот меѓу Иран и Израел е минато.

dobivaj vesti na viber

„Сега ситуацијата на Блискиот Исток се смирува, и конфликтот меѓу Израел и Иран, фала му на Бога“, рече Путин на пленарната сесија на Евроазискиот економски форум (ЕАЕУ) во Минск.

Тој изјави дека ЕАЕУ е отворена за соработка со сите заинтересирани партнери.

„Нашето здружение е секогаш отворено за соработка со сите заинтересирани странски партнери. Активно развиваме заемно корисни врски со земјите од Евроазија, Африка, Латинска Америка, зајакнувајќи ги контактите со мултилатералните структури… тоа се БРИКС, ЗНД, ШОС, АСЕАН, Африканската унија и други“, рече Путин.

Минск оваа година ќе претседава со ЕАЕУ (во која членуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан).

Евроазискиот економски форум, кој се совпаѓа со состанокот на Врховниот евроазиски економски совет, се одржува во Минск од 26 до 27 јуни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави...

Македонија11 часа

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот

Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме...

Македонија15 часа

(Видео) Арсовска: Според документите на Ганиу, 11-годишно дете ја изградило 12-катницата во Чаир и поднело барање на нотар, ова е криминал

Документи со 20 случаи за незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија17 часа

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија19 часа

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет22 часа

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија22 часа

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...

Македонија23 часа

Халкидики: Се удави 19-годишен турист од Северна Македонија

Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот...

Свет24 часа

Белата куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја отфрли хипотезата дека Иран го преместил високо збогатениот ураниум пред американските напади. Доналд...

Регион2 дена

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг,...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Куса средба со Трамп – симболичен гест на почит и партнерство

Претседателктата Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на самитот на НАТО во Хаг се сретнала со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кратка средба...

Македонија2 дена

Институциите до работодавачите: Да се работи од далечина каде што е изводливо, работниците да не бидат надвор од 11 до 17 часот

Министерството за економија соопшти дека во согласност со усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план...

Македонија2 дена

Адвокатот на Ѓорчевски: Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката

Владимир Туфегџиќ – адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ја коментираше денешната ослободителна пресуда за неговиот клиент,...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал...

Свет2 дена

Трамп: Ако не ги уништeвме нуклеарните комплекси на Иран, тие никогаш немаше да се согласат на мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади...

Македонија2 дена

Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, таткото ослободен од обвинение

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството  на 14-годишната Вања...

Свет2 дена

Белата куќа: Извештајот за нападот врз Иран на „Си-ен-ен“ му го даде анонимен губитник од низок ранг

Американските медиуми објавуваат дека првичната проценка направена од Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) покажала дека...

Свет2 дена

Американски разузнавачки служби го открија извештајот: Нападите не ја уништија нуклеарната програма на Иран

Нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на...