Свет
Умре таткото на Гугл
Силиконската долина е во жалост по големиот математичар и професор на Универзитетот Стенфорд, Раџив Мотвани, кој е еден од одговорните за успехот на
Силиконската долина е во жалост по големиот математичар и професор на Универзитетот Стенфорд, Раџив Мотвани, кој е еден од одговорните за успехот на Гугл.
Полицијата ја истражува смртта на Мотвани, кој умрел дома, а неговото тело е пронајдено во базенот.
Научникот, на возраст од 47 години ја составил формулата за пребарување на виртуелно бесконечни податоци.
Токму со помош на неговото знаење и истражувања Лери Пејџ и Сергеј Брин почнаа да го имплементираат најупотребуваниот интернет пребарувач Гугл.
Раџив Мотвани (Rajeev Motwani), останал советник во Гугл и работеше од заднина.
„Ретко среќаваш некој, што е толку интелигентен и со толку добро срце“, рече Брин, за Мотвани.
Причините за смртта се уште не се познати, а полицијата се сомнева дека математичарот, кој инаку не знаел да плива, се лизнал и несреќно паднал во базенот./крај/24/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израел погодил два ирански борбени авиони
Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони – Ф-5 и Ф-4 – на аеродромот во Табриз, на западот од Иран, додека, како што се наведува, кусо пред нападот се подготвувале за полетување.
Во соопштението на израелската војска, придружено со видеоснимка од нападот, се истакнува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на режимската противвоздушна одбрана.
🎯STRUCK: Two F5 and F4 fighter jets at the airport of Tabriz in western Iran, as the jets were prepared for takeoff
The strike was conducted to degrade the Iranian Air Force’s activities and to further expand the degradation of their aerial defense. pic.twitter.com/lEvpyiPI5M
— Israel Defense Forces (@IDF) March 1, 2026
Фото: Израелски одбранбени сили
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА

