Свет
Цените на автомобилите на ЕУ паднаа
Цените на автомобилите лани се намалија во 23 од 27-те земји членки на Европската унија
Цените на автомобилите лани се намалија во 23 од 27-те земји членки на Европската унија.
Цените во просек се намалиле за 3,1 насто, но во одделни земји членки, под удар на кризата и девалвацијата на некои валути во однос на еврото паднале и над 14 проценти.
Најмногу паднале цените на автомобилите во Летонија и тоа за 14,7 насто, во Естонија за 14,2, па следуваат Чешка (13 насто), Словачка (10,9), Малта (10,8), Литванија (10,7), Велика Британија (9,7) и во Полска (9,4).
Цените на автомобилите во Словенија паднале за 4,6 насто, додека пад на цените помал од еден насто е забележан во Германија, Франција и во Шпанија.
Автомобилите во Европската унија лани најмногу поскапеле во Романија и тоа за 3,7 насто./крај/24/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина за ставање крај на конфликтот.
Путин, кој оваа недела беше домаќин на словачкиот премиер Роберт Фицо во Кремљ, рече дека Фицо, жесток противник на поддршката на Европската унија за Украина, понудил неговата земја да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина.
Путин рече дека словачките власти би биле среќни нивната земја да биде платформа за преговори.
„Ние не се противиме на тоа, ако се работи за тоа. Зошто да не? Словачка зазема толку неутрална позиција“.
Словачка е меѓу членките на ЕУ од Централна и Источна Европа кои се скептични за поддршката за Украина и ги поддржуваат преговорите за ставање крај на војната со Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ја критикуваше Словачка, која граничи со Украина, за пријателскиот тон на Фицо кон Русија по враќањето на власт во 2023 година.
Путин постојано повторува дека Русија е отворена за преговори за ставање крај на војната со Киев, но дека без оглед на тоа ќе ги постигне своите цели во Украина.
Свет
Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа
Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените власти под контрола на Хамас.
Истиот извор објави дека меѓу жртвите има пет вработени од блиската клиника во Беит Лахиа: педијатар, лаборант, техничар и двајца болничари. Веста ја потврди и директорот на болницата Камал Адван, Хусам Абу Сафија.
Информацијата не е независно проверена, а израелската војска не била подготвена да ги коментира наводите.
Во меѓувреме, Израелците објавија дека еден од нивните војници загинал за време на судирите во северниот дел на Појасот Газа. Претходно, палестинските медиуми објавија дека најмалку девет Палестинци загинале, а неколку други се ранети во израелски напад во северниот дел на Појасот Газа.
Во извештајот на новинската агенција ВАФА се вели дека куќите во градот Газа биле погодени синоќа во воздушен напад. Цивилната заштита под контрола на Хамас соопшти дека најмалку 13 лица загинале, а околу 40 се повредени. Израелската војска соопшти дека ќе го истражи извештајот.
Свет
Перу прогласи еколошка катастрофа по излевањето на нафта во океанот
Перуанската влада прогласи еколошка катастрофа во крајбрежната област на северот на земјата, каде што минатиот викенд во Тихиот океан се излеа пратка сурова нафта од државната нафтена компанија.
Брод што маневрираше пред испуштање нафта предизвика излевање на терминалот на рафинеријата Талара во северниот дел на Перу во саботата.
„Петроперу“ не кажа колку сурова нафта се излеа во океанот, но Агенцијата за заштита на животната средина на Перу ОЕФА во првичниот извештај рече дека околу 10.000 квадратни метри водена површина се контаминирани, а Министерството за заштита на животната средина објави дека се зафатени најмалку седум плажи и локална фауна.
Локалните власти соопштија дека нафтата се излеала на крајбрежни растенија и животни, како што се раковите, кои се загрозени. Рибарите, пак, се пожалија дека не можат да работат поради инцидентот.
„Не можеме да одиме на риболов веќе шест дена“, изјави рибарот Мартин Пасос за локалното радио RPP.
„Она што се случи е хаос“, додава.