Свет
УНХЦР – Расте бројот на бегалците во светот
Во светот во 2008. година имало 15,2 милиони луѓе кои поради различни судири и насилства биле приморани да ја напуштат својата татковина
Во светот во 2008. година имало 15,2 милиони луѓе кои поради различни судири и насилства биле приморани да ја напуштат својата татковина.
Од истите причини уште 26 милиони луѓе ширум светот се сместени во категоријата интерно раселени лица, оние што не ја напуштиле татковината, но морале да го остават својот дом, соопшти Високиот комесаријат на Обединетите нации(ОН) за бегалци (УНХЦР).
Во извештајот објавен по повод 20. јуни – Светски ден на бегалците, се наведува дека помал број бегалци се вратиле во своите домови за разлика од 2007. година, воглавно поради недоволната безбедност и основните животни услови.
Во 2008. година само 604.000 бегалци се вратиле во домовите, што е второ најниско ниво во последните 15 години и во најголем дел последица на состојбата во Авганистан и Судан. Истовремено, околу 1,4 милиони интерно раселени се вратија во своите домови, што е 34 отсто помалку отколку 2007. година.
Според извештајот на УНХЦР, вкупниот број на бегалците и интерно раселените кон крајот на 2008. изнесувал 42 милиони, што е 700.000 помалку отколку во 2007.
Меѓутоа, во првите шест месеци на 2009. овој број пораснал за стотина илјади лица кои морале да ги напуштат своите домови во Пакистан, Шри Ланка и Сомалија. /пошироко во рубрика Тема/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.