Свет
СБ: Економската криза може да доведе до хуманитарна катастрофа
Глобалната економска криза може да се претвори во хуманитарна катастрофа во најсиромашните делови на светот, предупредува Светската банка
Глобалната економска криза може да се претвори во хуманитарна катастрофа во најсиромашните делови на светот, предупредува Светската банка (СБ).
Во најновиот извештај на банката се наведува дека економскиот раст во земјите во развој ќе опадне на само 1,6 отсто, пренесува Би-би-Си.
Ова би можело да турне милиони луѓе под границата на сиромаштијата, се вели во извештајот.
СБ предвидува дека драстичниот пад на приливот на капитал во земјите во развој ќе придонесе многу земји да останат во рецесија, поради недостаток на инвестиции.
Истовремено, СБ повикува на координирана меѓународна акција со цел да се спречи повторувањето на должничката криза. /крај/фо/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Романците забележаа непознат објект, па ги подигнаа борбените авиони и ги предупредија жителите
Романија детектира мал летечки објект кој влегува во националниот воздушен простор.
Жителите беа предупредени да бараат засолниште и беа започнати процедури за подигање на борбените авиони.
Романските радарски системи синоќа открија мал летечки објект, за кој постои сомневање дека е беспилотно летало, кој навлегол во националниот воздушен простор до шест километри во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти романското Министерство за одбрана.
Министерството објави дека радарот најпрво го фатил сигналот во 21:04.
Беше испратено предупредување до жителите на округот да побараат засолниште и беше почната постапка за подигнување на борбените авиони, но радарот го загуби сигналот пет минути подоцна, се вели во соопштението.
„Нема информации за можен напад на цел на државна територија“, прецизира романското министерство.
Романија, членка на Европската унија и на НАТО, дели 650 километри граница со Украина и имаше повеќе случаи на фрагменти од беспилотни летала кои паднаа на нејзината територија во текот на изминатата година и половина, за време на руските напади врз украинската пристанишна инфраструктура.
Свет
Активирани се системите за вонредна состојба: доаѓа силно невреме во делови од САД
Метеоролозите за денеска предвидуваат силно невреме во делови од американските сојузни држави Тексас, Луизијана и Арканзас.
Исто така, се предвидува можност за торнада, град и грмежи, со максимална брзина на ветерот до 128 километри на час.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо доцна во четвртокот во делови од Тексас североисточно од Хјустон, објави АП.
Засега нема извештаи за штети.
Повеќе од 100 летови беа одложени, а десетици откажани на меѓународниот аеродром „Далас Форт Ворт“ во Далас, Тексас.
На меѓународниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон, Тексас, имаше и доцнења и откажувања на летови поради невремето.
Гувернерот на Тексас Грег Абот ги активираше државните ресурси за одговор на вонредни состојби.
Свет
Јужна Кореја го отповика и в.д претседателот
Јужна Кореја гласаше за отповикување на вршителот на должноста претседател Хан Дак-Су, две недели откако парламентот го отповика претседателот Јун Сук-Јол.
За отповикување на Хан гласаа вкупно 192 пратеници, а за да успее предлогот потребни се 151 глас, јавува „Би-Би-Си“.
Премиерот Хан ја презеде улогата откако претседателот Јун беше отповикан од парламентот поради неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба на 3-ти декември. Хан требаше да ја изведе земјата од политичката криза, но опозициските пратеници тврдеа дека тој ги отфрла барањата за завршување на процесот на импичмент на Јун.
Во парламентот денеска за време на гласањето беше хаотично, а повеќето претставници на владејачката партија го бојкотираа гласањето.