Свет
Грузија бара воена помош од САД
Претседателот на Грузија побарал денеска од потпретседателот на САД дополнително вооружување, воена помош и невооружени набљудувачи во кризната
Претседателот на Грузија побарал денеска од потпретседателот на САД дополнително вооружување, воена помош и невооружени набљудувачи во кризната област поддржана од Русија.
Ова денеска го соопшти висок американски претставник, кој рече дека потпретседателот на САД, Џозеф Бајден не му ветил американска воена помош на грузискиот претседател Михаил Саакашвили, а Грузија посебно барала антитенковско и антиавионско вооружување
Русија остро се спротивставува на вооружување на Грузија и предупредува дека ќе ја прекине или намали воената соработка со сите земји кои што ја снабдуваат Грузија со руско вооружување, што е отворена закана за Украина.
Кремљ соопшти дека нема мирно да набљудува како Грузија ги обновува залихите со оружје.
Украина ја снабдуваше Грузија со оружје во текот на минатогодишната кратка војна со Русија./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

