Свет
Мубарак бара Обама да излезе со мировниот план
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-8700.jpeg)
Египетскиот претседател Хосни Мубарак е во Вашингтон во прва посета на САД по пет години
Египетскиот претседател Хосни Мубарак е во Вашингтон во прва посета на САД по пет години.
Се очекува на средбата со американскиот колега Барак Обама утре 81-годишниот египетски лидер да побара Барак Обама да го претстави што е можно поскоро мировниот план за Блискиот исток.
Мубарак, според најавите ќе побара САД да не го чека решението на Израел по однос на изградбата населби на Западниот брег, за да ги објави намерите за трајна мировна иницијатива./крај/фокус/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Напаѓачот во Минхен е од Авганистан кој на германската полиција и бил познат по грабежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/edfc61b7-e259-4e0f-9508-a2bce59acb30.jpg)
Возачот на автомобил кој утринава удри во луѓе собрани на протестот во Минхен, при што беа повредени најмалку 30 лица, од кои неколку тешко, е 24-годишен Авганистанец кој од претходно и бил познат на полицијата, а властите сметаат дека се работи за напад со цел.
„Веројатно станува збор за напад. Мораме да се соочиме со уште еден напад неколку недели по нападот во Ашафенбург“, изјави баварскиот премиер Маркус Содер за новинарите на местото на настанот во центарот на Минхен, алудирајќи на нападот со нож пред неколку недели во кој Авганистанец уби две лица.
Содер го повтори своето барање за „политичка акција“.
„Нешто мора да се промени во Германија и тоа брзо. Не можеме да живееме од напад во напад“, рече претседателот на ЦСУ.
Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека возачот на автомобилот кој удри во протестот на синдикатот, е 24-годишен Авганистанец, бил барател на азил, кој во 2016 година бил во екот на мигрантската криза, веројатно преку т.н. Балканските рути, пристигнати во Германија.
Тој веќе дошол во конфликт со полицијата поради кражби и поседување нелегални дроги, а веќе требало да биде протеран од Германија. Порталот „Шпигел онлајн“ наведува дека осомничениот пред нападот ширел исламистичка содржина на социјалните мрежи.
Херман рече дека неговото протерување „не е можно“, но не даде детали.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во својата прва реакција на настанот во Минхен рече дека осомничениот сторител „мора да ја напушти земјата по секоја цена“.
Властите не веруваат дека овој напад е поврзан со Минхенската безбедносна конференција, која почнува утре и каде се собираат светски државници.
Настанот во Минхен најверојатно дополнително ќе ја интензивира дебатата за ограничување на миграцијата, која доминира во изборната кампања за предвремените парламентарни избори во Германија на 23 февруари.
Свет
(Видео) Синот на Маск во канцеларијата на Белата куќа; Трамп: „Тој е многу интелигентен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_71-67ae10b36ae88.jpg)
Канадската пејачка Клер Елис Буше, попозната како Грајмс, денеска го критикуваше својот поранешен партнер, Илон Маск, затоа што го одвел нивниот четиригодишен син на прес-конференција во Овалната соба.
Грајмс рече дека дознала за инцидентот преку социјалните мрежи, додавајќи дека „не требало да биде така во очите на јавноста“, според „Скај њуз“.
Elons son picking his nose and putting a booger on the Oval Office desk while Elon addresses the nation from the Oval Office as if he were president perfectly encapsulates where America is at right now. pic.twitter.com/JpXJuPPnb7
— Justin Horwitz (@JustinAHorwitz) February 12, 2025
Додека одговараше на прашања на новинарите во врска со неговата позиција на чело на Одделот за владина ефикасност, Маск го носеше синот на рамениците, а потоа застана до него и до американскиот претседател Доналд Трамп.
Момчето освен што го чепкаше носот, ги имитираше движењата на татко му, го фати и за ногата, пренесува медиумот.
– Се извинувам за ова. Тешко е да уживам во ова кога син ми ги пика прстите во моите уши – рекол Маск додека го држел синот на рамениците.
За сето ова проговорила и поранешната сопруга на Маск, Грајмс, мајката на момчето.
– Не треба да бидете вака во јавност. Ова не го видов, но мило ми е што беше љубезен“, напишала таа.
За време на конференцијата, Трамп го пофалил момчето, велејќи дека тој е „одлично момче“ со „висок коефициент на интелигенција“.
Свет
Руте: Путин мора да разбере дека Западот е обединет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_64-67ae16ce701bb.jpg)
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека е важно рускиот претседател Владимир Путин да разбере дека Западот е обединет кога ќе почнат преговорите за завршување на војната со Украина.
„Не знам точно што му е на ум претседателот Путин, се разбира. Тој е силен преговарач, тој е многу непредвидлив, но на крајот, доколку сакаме да постигнеме мировен договор, неопходно е тој да учествува“, рече Руте по денешната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата во Брисел, пренесе Ројтерс.
Руте додаде дека Украина дефинитивно ќе биде вклучена во секој мировен договор, а претходно рече дека договорот мора да биде од траен карактер, како и дека Киев мора да биде вклучен во сите дискусии за него.
„Од клучно значење е каков и да е исходот од преговорите, тој да биде траен и издржлив“, рече Руте.
Тој исто така рече дека е клучно Украина да биде вклучена во се што ја засега.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за итен почеток на преговори за ставање крај на војната.
Европските лидери порачаа дека и Украина и Европа мора да бидат вклучени во изнаоѓање мировно решение, пренесува Танјуг.