Свет
Кина и Русија ги намалија вложувањата во американски обврзници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-3632.jpeg)
Кина и Русија ја намалија висината на вложени средства во американските хартии од вредност, но Кина и натаму остана најголем инвеститор на финансиски
Кина и Русија ја намалија висината на вложени средства во американските хартии од вредност, но Кина и натаму остана најголем инвеститор на финансиски инструменти на американската држава.
И покрај тоа што ја намали висината на своите инвестиции од 801,5 милијарди долари во мај, на 776,4 во јуни, Пекинг и натаму остана најголем странски сопственик на американски хартии од вредност.
Истовремено Русија ја намали висината на своите вложувања во американски обврзници за 3,7 отсто на 119,9 милијарди долари.
Гледано во целина, трендот на пораст на странски вложувања во американски обврзници продолжи и во јуни кога се откупени хартии од вредност за 91 милијарда долари повеќе во однос на мај.
Најголем удел за ваквиот тренд има Јапонија, втор по големина сопственик на американски обврзници, која ги зголеми соите вложувања за 5,1 отсто на 712 милијарди долари. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Се менува кратерот на вулканот на Санторини, растат стравувањата за туристичката сезона
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/santorini-EPA.jpg)
Неодамна забележаните промени во вулканот на грчкиот остров Санторини, една од главните туристички атракции во светот, се резултат на земјотресите кои продолжуваат на архипелагот на Кикладските острови, изјави професорот по геологија Танасис Ганас, директор на Националната опсерваторија во Атина.
Атинската РТВ СКАИ јавува дека споредено со мерењата од пред шест месеци, во август 2024 година, било утврдено дека кратерот на вулканот се подигнал за четири сантиметри и дека се проширил на исток и запад за шест сантиметри.
„Не можам да кажам дека е алармантно, но тоа е важна промена и мораме да ја следиме“, рече Ганас.
Овие промени, објасни тој, се резултат на издигнувањето на магмата од длабочините на Земјата до комората на магмата, која се наоѓа на три километри под кратерот на вулканот на Санторини. Првите мерења покажуваат дека магмата се зголемила за пет милиони кубни метри, додека во последната криза на активноста на вулканот во 2011-2012 година таа се зголемила три пати повеќе – 15 милиони кубни метри, а набљудувањето мора да се продолжи за да се види како ќе се развива.
На Санторини се регистрирани повеќе од 15.000 земјотреси, чиј епицентар е недалеку, под морето, од кои најсилните биле над пет степени, а сеизмолозите претпоставуваат дека е можно да се случи земјотрес со јачина од шест степени.
Додека повеќе од 12.000 од вкупно 15.000 жители го напуштиле Санторини, расте стравот за туризмот, кој е главен извор на приход за тој остров со повеќе од три милиони гости годишно.
Февруари е неофицијален почеток на туристичката сезона на тој остров, бидејќи почнуваат да пристигнуваат бродови за крстарење и започнуваат подготовките за првиот наплив на странци во текот на годината, за Велигден.
Додека некои угостители сè уште работат, досега е откажано пристигнувањето само на еден брод за крстарење, но има и помалку резервации за сместување, изјави за Би-Би-Си Андонис Пагонис, претседател на Здружението на грчките хотелиери.
Санторини во голема мера се потпира на сезонски работници од другите делови на Грција и од странство, а сè уште не се знае колку ќе дојдат.
Покрај тоа, овој период од годината е време за градежни работи и годишно реновирање на хотелот, но сето тоа престана поради загриженоста за безбедноста од земјотресот.
Додека грчките власти брзо реагираа на опасностите од земјотресот со испраќање спасувачки и евакуациски тимови и воведување вонредна состојба за забрзување на помошта, локалното население бара и инвестиции во инфраструктурата на островот каде има мали, но значителни штети, а една од главните работи е побарувачката за изградба на ново пристаниште.
Санторини на Грција и носи 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) – 5,9 милијарди евра годишно.
Свет
Руте: На Украина никогаш не и било ветено членство во НАТО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/zelenski-ukraina.jpg)
Лидерите на земјите членки на НАТО никогаш не и ветиле на Украина дека ќе стане членка на Алијансата доколку склучи мировен договор со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е клучно, но никогаш не и беше дадено ветување на Украина дека како дел од мировниот договор ќе стане дел од НАТО“, изјави Руте за новинарите, пренесе Ројтерс.
Нападот на Русија врз Украина започна на 24 февруари 2022 година, по што украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата сака да стане членка на НАТО, пренесува Танјуг.
Свет
Носач на авиони на американската морнарица се судри со брод кај Египет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_47-67ae29e4ea5c7.jpg)
Носач на авиони на американската морнарица се судри со трговски брод во близина на Египет, соопшти денеска американската војска, нагласувајќи дека носачот на нуклеарен погон е во стабилна состојба и дека нема повредени.
Во соопштението се прецизира дека носачот на авиони „Хари Труман“ се судрил со бродот Бешикташ-М во средата доцна навечер кај Порт Саид во Египет.
„Судирот не го загрози „Хари С. Труман“ и нема извештаи за повредени. Погонските постројки не се погодени и се во безбедна и стабилна состојба“, се наведува во соопштението.