Свет
Погребан американскиот сенатор Едвард Кенеди

Американскиот сенаторот Едвард Кенеди, синоќа беше погребан на Националните гробишта Арлингтон, крај Вашингтон, на приватна церемонија,
Американскиот сенаторот Едвард Кенеди, синоќа беше погребан на Националните гробишта Арлингтон, крај Вашингтон, на приватна церемонија, по свеченото испраќање во Бостон и молитвата пред зградата на Конгресот на Капитол Хил.Припадници на почесната гарда на американската војска го донесоа ковчегот со телото на Кенеди, прекриен со американското знаме, на гробното место, близу гробовите на неговите убиени браќа, поранешниот претседател на САД Џон Кенеди и сенаторот Роберт Кенеди.Кардиналот Теодор МекКарик, близок пријател на Едвард Кенеди, го водеше краткиот погребен обред, на кој присуствуваа дваесетина членови на семејството Кенеди и потпретседателот на САД Џозеф Бајден.Сенаторот Едвард Кенеди почина во вторникот на 77 години од тумор на мозокот./крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Паника во трговски центар во Доха по нападот на Иран

Вечерва, Иран одлучи да ја спроведе операцијата „Башарат ал-Фат“, односно напад врз американската база Ал Удеид во Катар.
Иран лансираше ракети врз американска база во Катар и уште една ракета врз американска база во Ирак како одговор на нападите на Вашингтон врз нуклеарните постројки на земјата, објавија државните медиуми.
NOW: 🚨 Doha, Qatar. pic.twitter.com/HB6e0yQ4T3
— Iran Military ( Commentary) (@IranMilitary_ir) June 23, 2025
Како што анализираат медиумите, Катар е дом на најголемата американска воена база на Блискиот Исток.
Panic in Doha mall during Iranian missile strike on U.S. forces in Qatar. pic.twitter.com/AjkqThSGBu
— Clash Report (@clashreport) June 23, 2025
Според Стејт департментот, таму живеат близу 8.000 американски граѓани.
Видео од моментот на паника во трговскиот центар во Доха се прошири низ социјалните мрежи.
„Паника во трговскиот центар во Доха за време на иранскиот ракетен напад врз американските сили во Катар“, објави „Клеш рипорт“ на Твитер.
Свет
Си-ен-ен: САД ги потврдија нападите врз американски бази, Трамп е во Кризната соба

Иран потврди дека започнал напади врз американски воени бази во Катар и Ирак, како одмазда за американскиот напад врз нуклеарните објекти на Иран за време на викендот, пренесуваат светските медиуми.
САД следат повеќе ракети испукани од Иран кон американските воени бази во Катар и Ирак, објави Cи-ен-ен од двајца функционери.
Министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Здружениот штаб Ден Кејн се во Кризната соба, според официјален претставник на Белата куќа, како и американскиот претседател Доналд Трамп.
Висок официјален претставник претходно изјавил дека претставници на Белата куќа и Министерството за одбрана ги следат потенцијалните закани за напад на воздухопловната база Ал Удеид во Катар.
Трамп ја посети базата минатиот месец, првиот претседател што ја посети од 2003 година. Тоа е најголемата американска воена база на Блискиот Исток.
„Ниту една посета на Заливот не би била комплетна без да се застане и да се оддаде почит на луѓето што ја одржуваат Америка безбедна, силна и слободна“, им рече Трамп на војниците во базата на 17 мај.
Свет
(Видео) Иран нападна американски бази во Катар со балистички ракети

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз американските воени бази на Блискиот Исток во рок од 48 часа.
Multiple interceptors seen leaving Qatar during the Iranian ballistic missile attack against U.S. Al Udeid Air Base. pic.twitter.com/z8QMsjE67W
— OSINTdefender (@sentdefender) June 23, 2025
Иранската државна телевизија го објави почетокот на операцијата на Иран „Добра вест за победа“ против американските сили во воздухопловната база Ал-Удеид во Катар, објави „Иран Интернешнл“.
Footage showing surface-to-air missiles launched from Al Udeid Air Base intercepting Iranian ballistic missiles earlier over Doha, Qatar. pic.twitter.com/S5oJZjFCNM
— OSINTdefender (@sentdefender) June 23, 2025
„Скај њуз“ објави дека експлозии во моментов се слушаат над главниот град на Катар.
Веста ја пренесува и „Аксиос“, кој тврди дека 6 балистички ракети биле испукани од Иран кон Катар.
Како што пишува и британски „Гардијан“, експлозии беа пријавени во Доха, главниот град на Катар.
Претходно во текот на денот, оваа земја го затвори воздушниот сообраќај, а американската и британската амбасада ги известија своите граѓани да ја напуштат оваа земја, а сирените за воздушниот сообраќај беа активирани и во Ирак во воената база Аин ал-Асад, објавува и „Гардијан“.