Свет
Вселенскиот брод „Прогрес М-67“ потопен во Тихиот океан

Делови од последниот руски товарен вселенски брод „Прогрес М-67“, чиј уаправувачки систем беше анлоген, беа потопени денеска во…
Делови од последниот руски товарен вселенски брод „Прогрес М-67“, чиј уаправувачки систем беше анлоген, беа потопени денеска во непловна област на Тихиот океан. Локацијата уште е и позната како „гробница на вселенски бродови“, каде се оставаат сите експлоатирани бродови „Прогрес“. Овие делови не биле изгорени во атмосферските слоеви на Земјата. „Прогрес М-67“ се оддели од Меѓународната вселенска станица на 21. септември и изврши самостоен лет. За време на летот на бродот бил извршена етапа на геофизичкиот експеримент „Плазма-Прогрес“. Основна цел на експериментот беше да се утврди целината, големината и карактеристиките на плазмените форми, кои се формираат при работа на моторите на товарните бродови „Прогрес“. Резултатите од експериментот се регистрираат со помош на специјален надземен радар. /крај/риа/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.
Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.