Свет
Нов земјотрес во Тихиот океан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на островите Тонга и Самоа во Тихиот океан…
<!– /* Font Definitions */ @font-face {font-family:Tahoma; panose-1:2 11 6 4 3 5 4 4 2 4; mso-font-charset:0; mso-generic-font-family:swiss; mso-font-pitch:variable; mso-font-signature:1627421319 -2147483648 8 0 66047 0;} /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:””; margin:0cm; margin-bottom:.0001pt; text-align:justify; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; mso-bidi-font-size:12.0pt; font-family:Arial; mso-fareast-font-family:”Times New Roman”;} p.Char, li.Char, div.Char {mso-style-name:” Char”; margin-top:0cm; margin-right:0cm; margin-bottom:8.0pt; margin-left:0cm; line-height:12.0pt; mso-line-height-rule:exactly; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:Tahoma; mso-fareast-font-family:”Times New Roman”; mso-bidi-font-family:”Times New Roman”;} @page Section1 {size:612.0pt 792.0pt; margin:72.0pt 90.0pt 72.0pt 90.0pt; mso-header-margin:36.0pt; mso-footer-margin:36.0pt; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –> Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на островите Тонга и Самоа во Тихиот океан, 48 часа по силниот земјотрес на истото подрачје во кој загинаа најмалку 155 лица. Американскиот институт за геофизика соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на само 10 метри длабочина, на 242 километри од брегот на островот Неиафу, во архипелагот Тонга, и 377 километри од Пага Пага, главниот град на Американска Самоа. Центарот за предупредување од цунами, што се наоѓа на Хаваите, не издаде предупредување за цунами. Во катастрофалниот земјотрес и цунамито на островите Самоа загинаа најмалку 155 луѓе. Земјотресот со силина од осум степени по Рихтер ги погоди островите во Тихиот океан во вторникот. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Огномет на фестивал во Дизелдорф експлодирал во публиката – 19 повредени

Најмалку 19 лица се повредени, меѓу кои и едно дете, кога за време на традиционалниот огномет на фестивалот Рајнкирмис во Дизелдорф, едно пиротехничко средство експлодирало во публиката, соопштија локалните власти.
Четири лица се здобиле со тешки повреди, а најверојатно се работи за изгореници, пишува Билд.
Несреќата се случила синоќа, кога ракетата од огнометот „скршнала од патеката“ и експлодирала низокo над земја.
Еден од организаторите на фестивалот изјавил дека можно е да се превртела лансирната рампа, предизвикувајќи насочување на ракетите кон публиката.
Во моментот на експлозијата, на местото на настанот веќе биле присутни припадници на противпожарната служба, итната помош и полицијата, кои веднаш реагирале.
Саемот бил брзо затворен, а организаторите најавија дека ќе разгледаат дали огнометот ќе остане дел од фестивалската програма во иднина.
Полицијата спроведува истрага за причините на несреќата.
Свет
(Видео) Русија и Украина со жестоки меѓусебни напади изминатата вечер

Најмалку едно лице загина, а тројца беа повредени кога пожар зафати станбена зграда по рускиот напад со беспилотно летало врз Одеса синоќа.
– Непријателот изврши масовен напад врз Одеса со беспилотни летала. И покрај активната работа на нашите сили за воздушна одбрана, имаше штета на цивилната инфраструктура – изјави гувернерот на областа, Олех Кипер.
2⃣9⃣5⃣🏘️19.7.25 Odesapic.twitter.com/tEMdvZ4L52
— Hilado de MelóNafo 🇪🇸🇪🇺🇺🇦 (@hiladomelonafo) July 19, 2025
Државната служба за вонредни состојби објави дека како резултат на нападот, избувнал пожар од шестиот до деветтиот кат од деветкатната станбена зграда. Пожарот бил изгаснат од пожарникари заедно со волонтери.
Привремено сместување и помош беа обезбедени во локалната градинка, каде што беше формиран оперативниот штаб, изјави градоначалникот на Одеса, Хенадиј Труханов.
They drank tea, kissed goodnight, tucked the kids in.
Someone burned alive that night.This time it was an Odesa apartment — just a home.
This is our everyday life now.
While the world plans weekends, we count who won’t wake up tomorrow. pic.twitter.com/xHVBf6NeGq
— UAVoyager🇺🇦 (@NAFOvoyager) July 19, 2025
Од друга страна, украински беспилотни летала повторно ја нападнаа Москва. Градоначалникот Сергеј Собјанин, објави дека руските единици за воздушна одбрана пресретнале 13 дронови што летале кон Москва за помалку од два часа. Нема извештаи за жртви или материјална штета.
🦅💥 Massive attack on Moscow region at night! pic.twitter.com/2ePzW5qKRE
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 19, 2025
Повеќе од 50 возови се одложени, а железничкиот сообраќај е делумно запрен во Ростовскиот регион откако остатоци од беспилотно летало паднаа на пругата, соопштија Руските железници.
На патниците им е обезбедена вода, а во возовите што доцнат повеќе од четири часа, се обезбедуваат и оброци.
Во меѓувреме, инфраструктурата е проверена, а екипите почнаа со поправка на оштетената мрежа.
Свет
Полска забрани пушење на сите видови цигари на работно место

Од 5 јули годинава, Полска воведе целосна забрана за пушење на работното место, вклучително и електронски цигари – дури и оние без никотин.
Прекршувањето на оваа забрана се казнува со 500 злоти (околу 7 илјади денари), а на вработените им се заканува дисциплинска мерка, па дури и отказ. Пушењето е дозволено само во посебно означена и затворена просторија, доколку работодавачот самиот одлучи да ја обезбеди.
Новите прописи воведуваат дополнителни забрани: продажбата на електронски цигари и производи што содржат никотин на лица под 18 години сега е забранета. Рекламирањето на овие производи е исто така забрането, а од јануари 2026 година е забранета и нивната продажба преку интернет. Електронските цигари без никотин ќе мора да бидат означени како штетни, додека количината на никотин во производите ќе биде ограничена на 20 mg/g.
Со ова, Полска се приклучува кон редот на земји кои строго ја регулираат употребата на сите форми на тутун и електронски цигари, без оглед на содржината на никотин, не само на јавни места, туку и во работната средина.