Свет
Тројца американски научници ја добија Нобеловата награда за медицина

Нобеловата награда за медицина годинава им припадна на тројца американски научници за откритието како „теломерите и ензимот теломераза ги штитат
Нобеловата награда за медицина годинава им припадна на тројца американски научници за откритието како „теломерите и ензимот теломераза ги штитат хромозомите“.
Наградата за медицина, вредна околу 900 илјади евра ќе ја поделат научниците Елизабет Блекбрн од Универзитетот Сан Франциско, Калифорнија, Керол Грејдер од УниверзитетотЏон Хопкинс во Бостон и Џек Состак од Институтот за медицинско истражување Хауард Хјуџис од Универзитетот Харвард во Бостон.
Тројцата научници го решија фундаменталниот проблем во биологијата како хромозомите во целост можат да се копираат и како се штитат од деградација.
Со ова започна сезоната на доделување на Нобеловите награди. Во вторник треба да бидат соопштени добитниците на нгарадата за физика, а во среда за хемија. Во четврток ќе биде познат добитникот на престижната награда за литература, а името на добитникот на нобеловата награда за мир ќе биде објавено в петок. Името на нобеловецот за економија ќе биде објавено на 12 октомври.
Нобеловите награди се доделуваат секоја година од 1901 и тоа на 10 декември, на годишнината на смртта на Алфред Нобел./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.