Свет
Силна експлозија во Кабул – 12 загинати

Најмалку 12 лица загинаа, а над 80 се повредени во силна експлозија што се случи изутрината во близина на индиската амбасада во Кабул
Најмалку 12 лица загинаа, а над 80 се повредени во силна експлозија што се случи изутрината во близина на индиската амбасада во Кабул.
Експлозијата значително ја оштети зградата на трговскиот центар, кој се наоѓа спроти амбасадата на Индија, а во истата улица е сместено и авганистанското министерство за внатрешни работи и други владини институции.
Според западните агенции експлозијата ја предизвикал напаѓач-самоубиец со автомобил-бомба.
Индиската амбасада во Авганистан соопшти дека од нејзиниот персонал нема загинати.
Во изминатите два месеца во Кабул беа извршени низа самоубиствени напади.
Во сличен напад на амбасадата на Индија во Кабул во јули минатата година загинаа над 50 цивили, меѓу кои и двајца дипломати. /крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.