Свет
НВО-Стратегијата за името се менува
Реакциите на владата за решавање на спорот со името се различни пред и по добивањето на извештајот од ЕК, што укажува дека стратегијата во однос на тоа прашање се видоизменува
Реакциите на владата за решавање на спорот со името се различни пред и по добивањето на извештајот од ЕК, што укажува дека стратегијата во однос на тоа прашање се видоизменува.
Ова го покажува анализата од мониторингот на медиумите, фокусиран на информирањето за извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.
Лидија Димова, од Македонскиот центар за европско образование, посочи дека пред добивањето на извештајот во медиумите биле забележани изјави од премиерот, за некаква понатамошна засилена соработка со Грција, но по извештајот веќе се забележуваат други тонови.
Таа ја цитираше неодамнешната изјава на вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски, во која тој вели дека “решавањето на спорот не е услов за добивање пристапни преговори со ЕУ“.
Претставниците на НВО инфо центарот и МЦЕО, кои го спроведоа мониторингот, нагласуваат дека медиумите се оние кои што во овој период имаат проактивна улога и кои притискаат за решавање на спорот со името.
Мониторингот покажува дека медиумите во споредба со лани, покажаа речиси двојно поголем интерес за извештајот на ЕК.
Според мониторингот опозицијата во Македонија ја поздрави препораката на ЕК и истакна дека таа претставува награда за македонските граѓани, а лидерот на СДСМ и понуди бланко поддршка на владата за решавање на спорот со името доколку решението не го загрозува македонскиот идентитет и јазик.
Основната цел на ова набљудување на медиумите е да се анализира квалитетот на информациите објавени за извештајот од страна на новинарите, владата, политичките партии и експертите.
Предмет на анализа беа шест дневни весници и централни информативни емисии на седум национални и сателитски телевизии. /крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Напад врз израелски град близу Ерусалим, има повредени
Најмалку шест лица загинале во удар на ирански балистички проектил врз израелскиот град Беит Шемеш, во близина на Ерусалим.
Според израелската Итна помош, повредени се 23 лица, од кои две се во тешка состојба, две со сериозни повреди, а 18 со полесни повреди.
Magen David Adom says its medics are treating several injuries following an Iranian ballistic missile impact in Beit Shemesh.
Among the injuries is a girl in serious condition, MDA says. https://t.co/nCbhWohNYB pic.twitter.com/2NjiS5QR1k
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) March 1, 2026
Израелската војска соопшти дека на местото на нападот испратила спасувачки и медицински тимови, како и хеликоптер за евакуација на повредените.
Беит Шемеш се наоѓа во централниот дел на Израел, западно од Ерусалим, и има околу 150.000 жители.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Израел погодил два ирански борбени авиони
Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони – Ф-5 и Ф-4 – на аеродромот во Табриз, на западот од Иран, додека, како што се наведува, кусо пред нападот се подготвувале за полетување.
Во соопштението на израелската војска, придружено со видеоснимка од нападот, се истакнува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на режимската противвоздушна одбрана.
🎯STRUCK: Two F5 and F4 fighter jets at the airport of Tabriz in western Iran, as the jets were prepared for takeoff
The strike was conducted to degrade the Iranian Air Force’s activities and to further expand the degradation of their aerial defense. pic.twitter.com/lEvpyiPI5M
— Israel Defense Forces (@IDF) March 1, 2026
Фото: Израелски одбранбени сили
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“

