Свет
Кушнер-Крај на преговорите ако Техеран не одговори на понудата
Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер изјави дека преговорите со Техеран за нуклеарната програма ќе бидат прекинати ако Иран не одговори на понудата за обогатување ураниум. „Ако Иранците не одговорат на шесте земји(пет членки на Советот за безбедност на ОН и Германија)
Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер изјави дека преговорите со Техеран за нуклеарната програма ќе бидат прекинати ако Иран не одговори на понудата за обогатување ураниум.„Ако Иранците не одговорат на шесте земји(пет членки на Советот за безбедност на ОН и Германија), ќе има причина за прекин на преговорите кои не почнаа лошо во Женева“, рече Кушнер во среда на прес конференција.Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) на 21. октомври предложи договор според кој Иран својот осиромашен ураниум би го збогатувал во странство за да добие гориво за својот истражувачки реактор во Техеран. На тој начин требаше да се намали загриженоста на меѓународната заедница поради иранската нуклеарна програма.Три преговарачи – САД, Русија и Франција го прифатија тој предлог. Меѓународната заедница врши притисок врз Техеран за брз одговор, додека Иран бара нова меѓународна конференција за нуклеарно гориво за својот истражувачки реактор. /крај/хи/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

