Свет
Кина ја кредитира Африка со 10 милијарди долари
Кина во следните три години ќе и обезбеди на Африка заем во износ од десет милијарди долари.
Кина во следните три години ќе и обезбеди на Африка заем во износ од десет милијарди долари.
Ова го соопшти кинескиот премиер Вен Жибао, во обраќањето на четвртиот Форум за соработка меѓу Кина и Африка (FOCAC), што во недела започна во египетскиот град Шарм ел Шејк.
Цел на дводневниот Форум на африканските и кинеските претставници, е зајакнување на економската соработка меѓу азискиот гигант и континентот Африка.
„Ние ќе и помогнеме на Африка да ја зајакне својата финансиска способност.на африканскиот континент ќе му обезбедиме заем во износ од десет милијарди долари“, изјави кинескиот премиер.
Министерската конференција во Шарм ел Шејк ја отвори египетскиот претседател Хосни Мубарак во присуство на шефови на држави и влади, меѓу кои кинескиот премиер Жибао, суданскиот претседател Омар ал Башир и претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе./крај/х/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фон дер Лајен доби награда за воспоставување единство на земјите во ЕУ: Таа е моќниот глас на Европа
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е наградена со меѓународната награда Карло Велики, меѓу другото и за нејзините заслуги во зајакнувањето на единството на земјите-членки на Европската унија, соопшти денеска Управниот комитет на наградата.
Фон дер Лајен ја доби наградата за „нејзините услуги за единството на земјите-членки, за спречување на пандемијата на (коронавирус), за единството на решеноста на ЕУ да се брани од Русија и за промовирањето на Зелениот договор“, се вели во соопштението, како што пренесува бриселската новинска агенција Политико.
„Таа ја персонифицира Европа. Таа е моќниот глас на Европа на светската сцена. Таа е таа што има сила да ги застапува интересите на Европа и нејзините сојузници во овие историски времиња“, се вели во образложението за наградата.
Свет
Израелски официјален претставник потврди: Хамас даде зелено светло за договорот за прекин на огнот во Газа
Висок израелски функционер потврди денеска дека Хамас се согласил на договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, предложени од Катар, пренесе Ројтерс.
Како што објави „Тајмс оф Израел“, висок израелски функционер изјави за веб-страницата „Вала“ дека е постигнат напредок во преговорите со Хамас за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.
Веб-страницата цитираше друг официјален претставник дека Израел е оптимист дека договор ќе биде постигнат најдоцна до утре.
И палестински извор изјавил дека има напредок во разговорите во Катар и дека договорот најверојатно ќе биде потпишан до утре, објави Тајмс оф Израел.
Неименуваниот извор изјавил дека е постигнат напредок на состанокот на лидерите на Хамас, што се одржа рано утрото, каде што биле решени речиси сите прашања, вклучително и она со мапите.
Свет
Почина патник на лет од Париз
Патник почина на летот на „Ер Франс“ од Париз за Бостон и покрај обидот на лекарот да го спаси.
Патникот доживеал итна медицинска ситуација за време на повратниот лет за Бостон, според извештаите, пишува „Дејли мејл“.
Полицијата ја опиша смртта како неочекувана, но не соопшти повеќе детали.
Идентитетот на лицето нема да биде објавен додека најблиските не бидат известени.