Свет
Абу Дабу не ги плаќа сите долгови на Дубаи

Абу Даби, богатата престолнина на Обединетите Арапски Емирати, селективно ќе му помогне на презадолжениот сосед Дубаи, чиј банкрот може да доведе до голем пад на светските берзи.
Абу Даби, богатата престолнина на Обединетите Арапски Емирати, селективно ќе му помогне на презадолжениот сосед Дубаи, чиј банкрот може да доведе до голем пад на светските берзи.„Ќе ги прегледаме обврските на Дубаи и ќе им пристапиме случај по случај. Тоа, секако не значи дека Абу Даби ќе ги потпише сите нивни долгово“ рече за Ројтерс неименуван функционер на владата од емиратот Абу Даби.Кризата во Дубаи експлодираше во средата, кога овој емират објави дека го одложува плаќањето на астрономскиот долг на една неговите главни компании, што ги разлути инвеститорите и доведе до остар пад на светските берзиСтанува збор за 59 милијарди американски долари долг на фирмата „Дубаи Ворлд”, која е под надзор на владата и нејзиниот огранок „Накхил”, познат градител на вештачкиот остров и облик на палма за богатите и славните.Дубаи, чиј вкупен долг е 80 милијарди долари, во средата соопшти дека плаќањето на долгот на Накхил се одлага за шест месеци./крај/х/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.