Свет
Клинтон – Балканот во ЕУ
САД се посветени на интеграцијата на земјите од западен Балкан во европските и трансатлантските структури, порача денеска американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
САД се посветени на интеграцијата на земјите од западен Балкан во европските и трансатлантските структури, порача денеска американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
Таа на прес конференција во Стејт департментот по средба со шефот на хрватската дипломатија Гордан Јандроковиќ, ја поздрави водечката улога на Хрватска во регионот, пренесе радиото Глас на Америка.
„Хрватска, во рамки на Јадранската повелба, ги поддржува аспирациите на своите соседи на Балканот да се приклучат кон НАТО. Беше една од првите земји кои го поддржаа Косово и им се приклучи на САД и другите држави во усмената расправа во Хаг во корист на легалното право на Косово да прогласи независност“, изјави Клинтон.
Шефот на хрватската дипломатија нагласи дека официјален Загреб го поздравува повторното американско ангажирање во регионот на западен Балкан, особено во БиХ. /крај/фонет/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Куба: САД се обидуваат насилно да ја соборат владата на Венецуела
Куба вчера ги обвини САД за обид за насилно соборување на венецуелската влада, нарекувајќи го зголеменото присуство на американските воени сили во областа „прекумерна и агресивна“ закана.
Соборувањето на владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД би било исклучително опасно и неодговорно и би претставувало кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, изјави кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез во соопштението.
Ројтерс во саботата објави дека САД се подготвени да започнат нова фаза на операции поврзани со Венецуела во наредните денови, повикувајќи се на четворица американски претставници.
фото: принтскрин
Свет
Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана
Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот Лаи Чинг-те за „Вашингтон пост“.
„Овој значителен пакет не само што ќе финансира важни нови купувања на оружје од Соединетите Американски Држави, туку и значително ќе ги подобри асиметричните капацитети на Тајван“, напиша тој во колумна објавена во вторник, по американско време.
„Ова има за цел да го зајакне одвраќањето со воведување поголеми трошоци и неизвесност во процесот на донесување одлуки во Пекинг за употреба на сила“.
фото: принтскрин
Свет
Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван
Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови за распоредување ракети на остров во близина на демократски управуваниот Тајван.
„Имаме силна волја, силна решителност и силна способност да го браниме нашиот национален суверенитет и територијален интегритет“, рече Пенг Ќинген, портпарол на кинеската Канцеларија за прашања поврзани со Тајван, на редовната прес-конференција кога беше прашан за планираното распоредување. „Ќе го потиснеме секое странско мешање“.
Пекинг го смета Тајван за своја територија и не ја исклучи можноста за употреба на сила за да го стави под своја контрола. Владата на островот ги отфрла тврдењата на Пекинг за суверенитет и вели дека само тајванскиот народ може да одлучи за својата иднина.
„Распоредувањето на поморско оружје од страна на Јапонија во областите што се граничат со кинескиот регион Тајван е исклучително опасно, намерно создава регионални тензии и предизвикува воен конфликт“, рече Пенг.
фото: принтскрин

