Свет
Ахмадинеџад тврди дека е „обичен човек“
На постојан удар од западните метрополи кои стравуваат од неговите нуклеарни амбиции, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад тврди дека е „обичен човек, кој води живот како било кој татко во семејството“.
На постојан удар од западните метрополи кои стравуваат од неговите нуклеарни амбиции, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад тврди дека е „обичен човек, кој води живот како било кој татко во семејството“.
„Јас сум обичен човек, татко, брат, чичко, пријател“ објаснува Ахмадинеџад во интервју за агенцијата Франс Прес.
„Имам семејство, сопруга, два сина и ќерка. Го посетуваме семејството, излегуваме, се занимавме со спорт“ додава педесет и тригодишниот Ахмадинеџад.
Тој објаснува дека не го мрази Западот, туку дека „не се сложувам со некои потези на одредени западни политичари, кои се нечесни“. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

