Контакт

Свет

Светот во 2009 година

Објавено пред

Инаугурацијата на 44-от американски претседател Барак Обама, смртта на поп иконата Мајкл Џексон, светската пандемија на инфлуенцата А, H1N1, протестите на улиците на Техеран,

dobivaj vesti na viber

Инаугурацијата на 44-от американски претседател Барак Обама,  смртта на поп иконата Мајкл Џексон, светската пандемија на инфлуенцата А, H1N1, протестите на улиците на Техеран, потпишувањето на Лисабонскиот договор, како и Копенхашката Конференцијата на Обединетите Нации за климатски промени во светот се најважните настани кои ја одбележаа  2009 година.ЈануариНа 1 јануари Чешката Република го презеде претседателството со Европската Унија во услови на зголемен притисок бидејќи шефот на државата Вацлав Клаус беше оценет за евроскептик.7 јануари Руската компанија „Гаспром“ ја прекина испораката на гас за Украина, по што се закани дека во целост ќе прекине со дотур на гас до корисниците во Европската унија. Европа стравуваше дека ќе остане без енергија, додека двете страни на руско-украинскиот спор се договараа за цената на гасот. Премиерот Владимир Путин ја поддржа компанија „Гаспром“и повика на поголема меѓународна вклученост  во  енергетскиот спор меѓу двете земји. На 15 јануари, Авион на американската авикомпанија „Ервејз“ со 155 патници и членови на екипажот се урна во студените води на реката Хадсон на Менхетен откако се судри со јато птици. Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, го пофали пилотот Чесли Сaленбергер од Данвил бидејќи сите лица во авионот, вклучувајќи и едно бебе, беа спасени. На 20 јануари беше инаугуриран 44-от претседател на САД, Барак Обама. Демократот Обама ја презеде функцијата од републиканецот Џорџ Буш, а  на инаугурацијата во Вашингтон, неколку милиони луѓе се собраа во знак на подршка на првиот афроамерикански претседател. На 26 јануари владата на Исланд поднесе оставка поради банкрот на банкарскиот системе, која настапи буквално „преку ноќ“, а премиерот Гејр Хард поднесе оставка. Исланд беше првата европска држава што доживеа банкрот, по прогласувањето на рецесијата на светско ниво.ФевруариНа 7 февруари Австралија беше зафатена од огнена стихија, при што  загинаа 173 лица, беа повреди 500, а над 7.500 луѓе останаа без покрив над главата. Пожарите се јавија како  резултат на највисоките температури 46.4°Ц. кога и да е измерени на австралискиот континент. МартНа 31 март повеќе од 300 африкански мигранти се удавија при потонувањето на три брода што пловеа во близина на брегот на Либија, земја која стана популарен транзитен центар за илегални мигранти.Повеќето од емигрантите беа по потекло од  Египет.АприлНа 1 април Албанија и Хрватска се приклучија на НАТО алијансата.На 3 и 4 април  НАТО оддржа самит и прослави  60 години од основањето на  организацијата. Бившиот дански премиер Андерс Фог Расмусен беше назначен за Генерален Секретар на НАТО.26 април европските министри за здравство свикаа вонреден состанок  откако беше потврден еден случај на свински грип во Шпанија. Во меѓувреме во Мексико бројот на сомнителни случаи на свински грип се искачи на 1.614, а беа регистрирани 103 смртни случаи во земјата. Во САД беше прогласена вонредна состојба, откако беа регистрирани 20 лица заразени од вирусот  Х1Н1. ОН предупреди дека вирусот има потенцијал да стане пандемија. МајНа 25 мај Северна Кореа изврши втора успешна нуклеарна проба, во провинцијата Северен Хамџуонг. Советот за безбедност на ОН свика  вонредна седница, а реагираше и ЕУ, осудувајќи ја пробата на нуклеарно оружје. Властите, пак во Пјонгјанг изјавија дека не ја исклучуваат можността за нови атомски проби, доколку САД продолжат со политика на заплашување на земјата. Државните медиуми соопштија дека Северна Кореја го изведе атомскиот подземен тест заради јакнење на самоодбраната. Експлозијата овој пат беше посилна отколку првиот атомски тест кој го изведе во октомври 2006 година. ЈуниНа 2 јуни авион на Еар Франс “ Ербас А-330„ кој леташе на линија Париз – Рио де Жанеиро се урна во водите на Атланскиот Океан, при што загинаа сите 228 патници. Бразилските воено-воздухопловни сили забележаа остатоци од авион во Атлантскиот Океан, на 650 километри североисточно од островот Фернандо ди Нороња. Шест дена подоцна, на 10 јуни бразилски екипи и трагачи открија голем дел од опашката на авионот на „Ер Франс“ во  Атлантикот океан, а од водата успеаа да извлечат 29 безживотни тела.Потрагата по телата на загинатите продолжи и во наредните денови.На 12 јуни Светската здравствена организација инфлуенсата од типот А Х1Н1 попозната како “свински грип” ја прогласи за глобална пандемија. Вирусот за прв пат се појави во април месец во Мексико и оттогаш потврдени беа  илјадници случаи на заболени во Северна и во Јужна Америка. Вирусот Х1Н1 се прошири во 74 земји, а СЗО се спротивставуваше на намерата епидемијата да ја означи како општа пандемија.На 12 јуни Махмуд Ахмадинеџад е избран по втор пат за претседател на Иран. Во деновите кои следат приврзаниците на поразениот кандидат Мир -Хосеин Моусави протестираа на улиците на Техеран. Мусави одби да го прифати изборниот резултат, нарекувајќи го „опасна измама“ и посочи на голем број нерегуларности при реизборот на Махмуд Ахмадинеџад. На 20 јуни за време на мирните демонстрации низ улиците на Техеран беше убиена 26 годишната  иранска студентка по музика Неда Агха Солтан која набрзо стана симбол на граѓанскиот непокор во земјата. Клипот од убиството на Неда молскавично го обиколи светот, а се најде и на Интернет мрежата. Властите зазедоа построги мерки за странските и за домашните медиуми, сомневајќи се дека целиот инцидент е испланиран од страна на странските разузнавачки служби. 25 јуни, умре Мајкл Џексон, кралот на поп музиката.Мајкл Џексон беше еден од најголемите музички таленти и феномени на 20 век. Својата пребогата музичка кариера „Џеко“ ја започна на 11 годишна возраст, како член на семејниот бенд „Џексон 5“. Смртта на поп иконата беше проследена со масовни собири на неговите фанови кои танцуваа на музиката  на ненадминливиот крал на попот.На 30 јуни Коалиционите сили предводени од САД, официјално ја предадоа контролата над Ирак во рацете на ирачката војска и безбедносните сили во земјата. ЈулиНа 1 јули  Шведска го презеде шестмесечното претседателство со Европската  Унија.На 17 јули во експлозии на бомби во хотелите „ЏВ Мариот“ и „Риц-Карлтон“ во бизнис-центарот во Џакарта, Индонезија,  загинаа девет лица, а десетици беа повредени. АвгустНа 7 август тајфунот „Моракот“ го погоди главното копно на Кина, по што речиси милион луѓе ги напуштија крајбрежните области. Тој претходно го погоди Тајван и предизвика обилни дождови кои на стотина места предизвикаа поплави, незапаметени за последните 50-тина години.СептемвриНа 15 септември Еврозоната излезе од рецесија објави Европската комисија. Таа предвиде развој од 0,2 отсто за кварталот од јули до септември месец во којшто Германија и Франција и натаму се искачуваа во линија на развој, a Италија излезе од рецесија.На 28 септември земјите од Г-20 одржаа собир во Питсбург на кој се договорија да  преземат поголема контрола над глобалната економија, во обид да спречат уште  една  финансиска криза како онаа од 2008 година. ОктомвриНа 2 октомври Интернационалниот Олимписки Комитет објави дека бразилскиот град Рио де Женеиро е следниот  домаќин на Летните олимписки игри во 2016 година.Во финалниот трет круг на гласање Рио доби повеќе гласови од противкандидатот Мадрид, со што стана првиот град во Јужна Америка организатор на една Олимпијада. На 3 октомври Ирска го одржа вториот по ред референдум на кој ирските граѓани гласаа за приклучување кон  ЕУ. Околу 67 %  од населението се изјаснија за подршка на Лисабонскиот договор, односно повеќе од две третини од ирските гласачи го поддржaa преструктуирањете на дваесетиседумчлената Унија. 25 oктомври во експлозија на два автомобила-бомби во Багдад, насочени кон два владини објекта, загинаа најмалку 132 лица, а беа повредени 500. Тоа беше најкрвавиот напад во ирачкиот главен град во последните два месеца.НоемвриНа 9 ноември беа одбележани 20 години од падот на Берлинскиот ѕид, кој ги разделуваше Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започна изградбата на ѕидот на 13 август 1961. Падот на Берлинскиот Зид  беше симбол за падот на комунистичката идеологија и идеологиите воопшто.Чешката Република беше последната земја од земјите-членки на Унијата  која го потпиша Лисабонскиот договор; по што беше дадено зелено светло за  официјализирање на документот во Европскиот Параламент. На 27 ноември Дуаби, еден од седумте Обединети Арапски Емирати побара од светските банки одлагање на плаќањето на огромните долгови, сретства кои ги потроши на грандиозни и луксузни  проекти за обнова на Дубаи. ДекемвриНа 1 декември стапи на сила Спогодбата од Лисабон. На 10 декември во Осло, Норвешка, на американскиот претседател Барак Обама му беше доделена Нобеловата награда за мир. Во изјавата што ја даде на доделувањето рече дека американските војници ќе започнат со префрлање на одговорността за безбедноста на Авганистан на локалните сили, најдоцна во јули 2011 година. Обама ја прими наградата само девет дена откако нареди нови 30.000 американски војници да бидат испратени во Авганистан.Од 7 до 18 декември во Копенхаген се одржа Конференцијата на Обединетите Нации  за климатски промени во светот. За време на одржувањето на самитот, секојдневно пред Бела центарот протестираа неколку илјади антиглобалисти. За време на 12 дневните демонстрации данската полиција уапси над 1600 антиглобалисти, од кои, повеќето беа пуштани на слобода по само 24 часа притвор. На 13 ден од одржувањето на самитот, еден ден повеќе од планираното помеѓу работните групи беше  постигнат договор за заедничко делување во спречувањето на климатските промени во светот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена

Објавено пред

Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.

Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.

Прикажи повеќе...

Свет

Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“

Објавено пред

Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.

dobivaj vesti na viber

Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.

Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.

„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.

Прикажи повеќе...

Регион

Дачиќ симнат од респиратор

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.

„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија8 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ9 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија12 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија14 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија14 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија16 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија17 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија17 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија18 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија18 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија18 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија19 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија19 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет22 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет22 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет23 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет23 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа23 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет24 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...