Свет
Слон усмртил американска туристка и нејзината ќерка во Кенија

Американска туристка и нејзината едногодишна ќерка ги прегазил слон додека се шетале низ шумите на централна Кенија, соопшти во среда локалната полиција.
Американска туристка и нејзината едногодишна ќерка ги прегазил слон додека се шетале низ шумите на централна Кенија, соопшти во среда локалната полиција. „Жената со семејството се шетала во шумата покрај хотелот кога ги нападнал слон. Мајката и ќерката починале на лице место под неговите нозе, додека останатите членови на семејството успеале да побегнат“, изјави началникот на полицијата. Несреќата се случила во шумата на ридовите на планината Кенија. Жената била на возраст од 39 години, додава полицијата, која не соопштува што го предизвикало нападот. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Срамно“: Синот на Трамп критикуван поради неговата реакција за дијагнозата на Бајден

Поранешниот американски претседател Џо Бајден (82) се бори со агресивна форма на рак на простата.
Неговата ординација ја објави дијагнозата вчера, истакнувајќи дека иако станува збор за поагресивна форма на болеста, таа може да се контролира. Веста предизвика лавина од реакции, од кои повеќето му посакаа на Бајден се најдобро, но некои прашаа како толку агресивна форма на рак не е дијагностицирана додека тој беше претседател на САД.
Ова прашање го постави и најстариот син на претседателот Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот.
Пред неговата објава, се огласи и Трамп.
„Меланија и јас сме тажни поради веста за неодамнешната медицинска дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли желби на Џил и семејството и му посакуваме на Џо брзо и успешно закрепнување“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Неколку други, исто така, ја доведоа во прашање временската рамка и транспарентноста на дијагнозата. Трамп помладиот напиша на X: „Сакам да знам како, како д-р Џил Бајден, го пропуштила ракот во петта фаза со метастази или е тоа уште еден обид за прикривање“?
Многумина ја критикуваа неговата објава, тврдејќи дека е „срамна“. Покрај тоа, имаше и такви кои нагласија дека Џил Бајден ја има титулата затоа што има докторат по образование, а не затоа што е доктор, пренесуваат светските медиуми.
„Еден човек се бори со рак, а вашиот изопачен одговор е да ја обвините неговата сопруга за прикривање? Тоа не е само изопачено – тоа е нехумано“, гласи еден од коментарите.
И покрај ова, Трамп помладиот напиша во друга објава на Икс дека „100% се согласува“ со фотографијата на која пишуваше: „Без оглед на политиката, му посакуваме брзо закрепнување!“.
Свет
Иран: Нуклеарните преговори ќе пропаднат ако САД инсистираат да не збогатуваме ураниум

Нуклеарните преговори меѓу Иран и САД нема да водат никаде ако Вашингтон инсистира Техеран да ја намали својата активност за збогатување ураниум на нула, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи, Маџид Тахтраванчи.
Американскиот специјален претставник Стив Виткоф вчера го повтори ставот на Вашингтон дека секој нов договор меѓу САД и Иран мора да вклучува договор за незбогатување ураниум за да се спречи развој на нуклеарни бомби. Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за мирни цели.
„Нашиот став за збогатувањето е јасен и многупати сме изјавиле дека тоа е национално достигнување од кое нема да се откажеме“, рече Тахтраванчи. За време на неговата посета на регионот во Персискиот Залив минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот е многу блиску, но дека Иран мора да дејствува бргу.
За време на својот прв претседателски мандат од 2017 до 2021 година Трамп ги повлече САД од договорот од 2015 година меѓу Иран и светските сили, со кој беа поставени строги ограничувања на активностите за збогатување на Техеран во замена за ублажување на меѓународните санкции.
Трамп, кој го нарече договорот од 2015 година едностран во корист на Иран, исто така повторно воведе широки санкции на САД врз Иран. Исламската Република одговори со зголемување на збогатувањето ураниум.
Свет
Зеленски без костум кај папата: „Со својата облека сака да ги потсети луѓето дека Украина сè уште е во војна со Русија“

Украинскиот претседател присуствуваше на официјалната инаугурација на папата Лав XIV во Ватикан во неделата. Тој беше облечен во црни панталони, темна кошула и црна јакна, облека слична на онаа што ја носеше на погребот на папата Франциско.
Неговата сопруга Олена исто така дојде со него. Облеката на претседателот често е предмет на дискусија на социјалните мрежи. Многумина се прашуваат зошто тој не носи костум, особено во пригоди, како погребот на папата Франциско, каде што протоколот го бара тоа.
Уште во февруари Трамп саркастично даде коментар како украинскиот претседател бил облечен за нивниот состанок во Белата куќа. Тој состанок заврши со жестока вербална размена, а тензиите дополнително се зголемија кога еден новинар се придружи на разговорот коментирајќи го лежерниот изглед на Зеленски.
Тој носеше црни панталони, чизми и црн џемпер со извезен украински трозабец, што го наведе новинарот Брајан Глен да го обвини за непочитување на достоинството на Овалната соба. Сепак, Зеленски не се двоумеше да објасни зошто не се занимава со костуми во екот на руската инвазија на Украина.
Истата логика е и зад неговиот избор на облека за погребот на папата Франциска, како и за инаугурацијата на папата Лав – затоа што претседателот сака да испрати порака со својата облека секојпат кога е на светската сцена.
Со носењето облека што личи на воени униформи тој наводно сака да ги потсети луѓето од целиот свет дека неговата земја сè уште е во војна со Русија.
Одговарајќи му на Глен во февруари, Зеленски рече: „Ќе носам костум кога ќе заврши оваа војна. Можеби нешто како твоето, можеби нешто подобро. Ќе видиме, можеби нешто поевтино“.
Креативниот директор на брендот „Дамирли“, кој стои зад некои од најзначајните комбинации на Зеленски, исто така откри како претседателот комуницира преку својата облека.
Дизајнерката Елвира Гасанова изјави за „Политико“: „Кога светските лидери го гледаат Зеленски во воен стил, тоа е сигнал: ‘Украина е во војна и јас сум дел од оваа борба’“.
„За време на војна претседателот не е само политичар, туку и врховен командант на војската и на цивилите под воена состојба“, рече таа.
„Класичниот костум би се перцепирал како дистанца од реалноста на бојното поле. Неговата облека му помага да го задржи вниманието на светот врз војната во Украина“.
Украинската модна историчарка Зоја Звињакивска исто така верува дека лидерот, и покрај неговиот полежерен стил во споредба со другите меѓународни лидери, сепак покажува почит преку својата облека.
„Да, тоа не е костум, но е еден вид средно решение. Ако Зеленски ја соблече воената униформа и облече костум, што значи тоа? Тоа значи дека се согласил оти војната е завршена“, заклучи таа.