Свет
Франција ги забранува фереџињата?
Закон, со кој им се забранува на жените од исламска вероисповест да ставаат фереџе на лицето, би требало да влезе во парламентарна процедура во Франција.
Закон, со кој им се забранува на жените од исламска вероисповест да ставаат фереџе на лицето, би требало да влезе во парламентарна процедура во Франција. Како што пренесува Би-Би-Си, скора расправа за предлог законот најави и Жан Франсоа Копе, шеф на пратеничката група на владејачката партија, Унијата на народното движење. Со предлогот се предвидува казна од 750 евра за секој што на улица или на друго јавно место ќе се појави со покриено или маскирано лице. Во текстот на законот ќе бидат внесени и исклучоци, како луѓето што се маскираат за карневали и маскембали. Најавата за скоро воведување на законот е спротивна на желбата на претседателот Никола Саркози, кој се обидува да го ублажи јакнењето на антиисламското расположение во земјата. Копе му пркоси на Саркози и изјавува дека забраната на фереџињата е неопходна за да се спречи јакнењето на исламскиот екстремизам во Франција и да се заштитат правата на жените. Критичарите на предложениот закон сметаат дека доколку биде усвоен, овој закон дополнително ќе ја отуѓи големата исламска заедница во Франција. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

