Свет
Кина го отфрли барањето на Хилари Клинтон

Кина го отфрли барањето на Хилари Клинтон за ублажување на ограничувањата за пристап до информациите на интернет.
Кина го отфрли барањето на Хилари Клинтон за ублажување на ограничувањата за пристап до информациите на интернет.
Вакво барање американската државна секретарка Клинтон во четвртокот упати до повеќе земји од светот.
„Апелираме САД да почне да ги почитува фактите, да престанат да користат т.н слободен пристап до интернет информациите и да не ја обвинуваат Кина“, се вели во соопштението кое е поставено на интернет страницата на Кинеското министерство за надворешни работи. /крај/хи/ит/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тинејџерки тепале маж на улица во Лондон, жртвата починала – чинот го снимале со мобилен телефон

Три тинејџерки од Лондон, на возраст од 14, 16 и 17 години, се обвинети за убиство од небрежност, откако до смрт претепале 75-годишен маж на улица.
Тие првично беа уапсени за нанесување тешки телесни повреди, но по неговата смрт беа изведени на судење, пишува Sky News.
Според очевидци, Фреди Риверо, за кој се верува дека е боливиски државјанин, бил нападнат околу 23.35 часот во четвртокот на патот Seven Sisters во Ислингтон, северен Лондон.
Додека стоел во близина на автобуската станица, му пришле тинејџерки, го опколиле, а потоа си заминале. Меѓутоа, неколку моменти подоцна се вратиле и го нападнале – туркајќи го, со тупаници и клоци. Една од нив сето тоа го снимала со својот мобилен телефон.
Полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на нападот и се обиделе да му помогнат на мажот, но тој починал во болница следниот ден.
Девојките се задржани во младински притвор, а нивниот случај дополнително ќе биде сослушан на судењето закажано за 31 март во Олд Бејли.
Свет
Републиканец објави банкнота од 100 долари со ликот на Трамп: „Треба да му се оддаде чест“

Републиканскиот претставник Брендон Гил синоќа претстави закон со кој ќе се стави ликот на американскиот претседател Доналд Трамп на банкнотата од 100 долари наместо ликот на Бенџамин Френклин.
Нацрт-законот, наречен Закон за златно доба од 2025 година, беше поддржан и од пратеникот Трој Нелс.
„Никој не направи повеќе за да ја доведе Америка во златна доба од претседателот Трамп. Да се биде прикажан на банкнотата од 100 долари е мал начин да се оддаде почит за сето она што тој ќе го постигне во следните четири години“, рече Гил.
Гил на социјалните мрежи сподели фотографија од Трамп на банкнота од 100 долари и порача: „Ајде да направиме историја“.
Доколку предлог-законот помине, министерот за финансии ќе објави на јавноста прелиминарен дизајн за банкнота од 100 долари со ликот на претседателот Трамп најдоцна до 31 декември 2026 година. Ова ќе бара сите банкноти од 100 долари по 31 декември 2028 година да ја прикажуваат фотографијата на Трамп.
Регион
Вучевиќ: Професорите кои не предавале, утре нема да го добијат првиот дел од февруарската плата

Милош Вучевиќ, премиерот на Србија во заминување, утрово изјави дека професорите и наставниците кои не предавале нема да ги добијат февруарските плати. Премиерот ја истакна и изјавата на претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, дека студентите треба да се вратат на универзитетите најдоцна до 17 март за да не се изгуби академската година.
„Се плашам дека е уште потешко за училиштата, не сум сигурен како е можно да се постигне тоа. Професорите и наставниците кои не држеле настава во училиштата утре нема да го добијат првиот дел од февруарската плата. Тој што не работи, нема да земе плата“, изјави утрово Вучевиќ за „Прва телевизија“.
Како што рече, „тоа апсолутно не е фер кон оние што работеле“.
„Оние кои работат и во минимален работен процес немаат проблем да добијат плата. Тоа е процес кој е правен и нешто што државата може да го препознае. Дозволивте нашите училишта да се затворат, а сепак велите дека се борите за подобра Србија. Конкретно, не може да се легализира тоа што лукаво го направија, родителите да одлучуваат во групите на Вибер дали ќе одат децата или не на училиште. Која безбедност е загрозена во училиштата? Каква врска има ова со паѓањето на настрешницата? Апсолутно никаква“, рече меѓу другото Вучевиќ.