Свет
Тројца американски војници меѓу загинатите во Пакистан
Бројот на загинати во експлозијата во северозападен Пакистан се искачи на осум, а меѓу загинатите се и тројца американски војници, соопшти портпаролот на пакистанската војска.
Бројот на загинати во експлозијата во северозападен Пакистан се искачи на осум, а меѓу загинатите се и тројца американски војници, соопшти портпаролот на пакистанската војска.
Меѓу загинатите има и еден пакистански војник, три ученички и еден случаен минувач, а бројот на повредени се искачи на 70 лица.
Предходно полицијата во оваа област соопшти дека меѓу загинатите има четворица странци припадници на хуманитарна организација.
Бомбата експлодирала кога конвој на возила со гости и воено обезбедување пристигнувал на отворање на училиштето за девојчиња во областа Долен Дир.
Портпаролот на пакистанската војска Атар Абас изјави дека тројцата американски војници биле дел од пакистанскиот граничен корпус задолжен за обука на пакистанските војници во борбата против Ал-Каеда и Талибанските милитанти./крај/бт/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.