Свет
Европската унија е истоштена
Европската унија пати од разнишана самодоверба, според коментарот на весникот „Гардијан“, кој констатира дека Европа е збунета и го изгубила местото помеѓу велесилите.
Европската унија пати од разнишана самодоверба, според коментарот на весникот „Гардијан“, кој констатира дека Европа е збунета и го изгубила местото помеѓу велесилите.Повод за ова е претстојниот Самит на шефовите на државите или владите на 27-те европски лидери со новиот претседател на ЕУ, Херман Ван Ромпуј.Сепак, Европа самитот го дочекува во една состојба на невообичаена потиштеност и изнемоштеност. Во позадина стои Лисабонскиот договор кој требаше да ги залечи европските болки и да го започне упростувањето на процесите на одлучување, да ги поедностави процедурите и да обезбеди силни и кохерентни раководства. Меѓутоа, таму каде што требаше да има согласување, настана конфузија, и наместо јасно утврдено лидерство се појави борбата за влијание и ривалски претседатели. Весникот потсетува дека американскиот претседател Барак Обама, минатата недела порачал дека е презафатен за да присуствува на мајскиот европско-американски самит во Мадрид. Стејт Департментот јасно ставил до знаење дека една од причините за отсуството на Обама е тоа што по Лисабонскиот договор, на Американците не им е јасно со кого треба да комуницираат.Според „Гардијан“, за безнадежноста во Европската унија најмногу придонел климатскиот самит во Копенхаген. Европејците, кои две години тврдеа дека го предводат светот во борбата против климатските промени, се соочија со фактот дека силите на глобално ниво се променети и ЕУ од првата се симна во втора лига.Затоа, пишува „Гардијан“, Ван Ромпуј во четврток, на европскиот самит ќе проба да го намали европскиот впечаток за немоќ со тоа што ќе ги натера учесниците на самитот да размислат за следните чекори. /крај/гар/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Најновите документи за Епстин ме ослободуваат од обвинувањата
Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.
– Не сум ги видел документите лично, но некои многу важни луѓе ми кажаа дека тие не само што ме ослободуваат, туку покажуваат спротивно од она што радикалната левица и другите го очекуваа, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион „Air Force One“, пренесува „Тајмс“.
Трамп, кој призна дека бил пријател со Епстин, повеќепати негираше каква било вмешаност или сознанија за неговите сексуални злодела, истакнувајќи дека нивното пријателство завршило пред многу години.
Министерството за правда на САД предупреди дека објавените документи можат да содржат „невистинити и сензационалистички“ тврдења за Трамп.
Министерството за правда на САД завчера објави повеќе од 3,5 милиони страници документи, околу 2.000 видео-снимки и 180.000 фотографии во рамките на новата серија материјали поврзани со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Свет
Зеленски: Новата рунда трилатерални преговори со Русија и САД ќе се одржи на 4 и 5 февруари
Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, в среда и четврток (4 и 5 февруари), најави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија“.
Тој истакна дека информациите доаѓаат од украинскиот преговарачки тим кој денеска требаше да одржи разговори со руската делегација.
„Нашиот преговарачки тим штотуку даде извештај. Датумите за следните трилатерални состаноци се одредени: 4 и 5 февруари во Абу Даби. Украина е подготвена за суштински разговори и ние сме заинтересирани исходот да нè доближи до вистински и достоинствен крај на војната (Москва-Киев). Ви благодариме на сите што помагате!“, рече тој.
Ни Москва ниту Вашингтон не ги потврдија информациите што ги сподели Зеленски.
Претходно, повеќе западни медиуми јавија дека денешната средба на претставници на рускиот и украинскиот тим е одложена, а дипломатскиот фокус е насочен кон средината на претстојната недела.
Свет
(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија
Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот во околината на Крушевац, случај кој српските власти го оценуваат како една од најголемите акции против организираниот криминал во историјата на земјата.
Ана Спасојевиќ во изјава за српскиот таблоид „Република“ изјави дека семејството било угледно и дека не била свесна што се чува на имотот. Таа наведе дека знаеле нејзиниот сопруг и синот, но дека, според она што ѝ било кажано, станувало збор за нешто што привремено било оставено таму, само неколку дена.
„Не ми е важно кој го сторил тоа, сè ќе се открие во истрагата. Ова ни се случува првпат во животот, ништо слично никогаш не сме имале“, изјави Спасојевиќ, додавајќи дека целата ситуација тешко ѝ паѓа и дека поради стресот не може да спие и зема терапија за смирување.
И соседите изразуваат неверување. Комшиката Радмила Тодосијевиќ изјави дека веста за пронаоѓањето на дрогата ја затекнала и ја вознемирила, нагласувајќи дека семејството го познавала како работливо и чесно. Таа посочи дека Спасојевиќи со години живеат таму и се занимаваат со земјоделство, одгледување овошје и зеленчук, додавајќи дека немала никакви сознанија за нелегални активности.
Во меѓувреме, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ им честиташе на припадниците на Министерството за внатрешни работи и на безбедносните служби за, како што рече, исклучително успешно спроведената акција кај Крушевац. Според него, станува збор за еден од најголемите и најзначајни успеси на српската полиција во борбата против организираниот криминал.
„Оваа историска акција јасно покажува дека во Србија нема заштитени и дека секој што ќе помисли дека може да се сокрие зад партиска книшка за да врши кривични дела – нема да успее. Секој што се занимава со криминал ќе биде најстрого казнет и процесуиран согласно законот“, порача Гашиќ, нагласувајќи дека борбата против криминалот и корупцијата е апсолутен приоритет на државата и дека се води без компромиси и без исклучоци.
‼️Супруга Радета, од кога је заплењено јуче пет тона марихуане каже:
👉 “Ми смо угледна породица и све ово је колатерална штета”.
А затим каже да су супруг и син ЗНАЛИ да је то дрога.
Па онда каже…
ПАЗИТЕ САД 👇
САМО су требали да причувају на пар дана, док “неко” не… pic.twitter.com/xxJGRxQHcY
— Инжењер 🇷🇸 (@Ortodox_Serb) January 30, 2026

