Свет
Вашингтон парализиран од втора снежна бура

Вашингтон повторно е целосно парализиран од втората снежна бура, што ја зголеми покривката од 25 до 40 сантиметри снег.
Вашингтон повторно е целосно парализиран од втората снежна бура, што ја зголеми покривката од 25 до 40 сантиметри снег. Федералната влада, јавниот сектор, училиштата, трговските центри и други институции останаа затворени по втората снежна бура, што го погоди американскиот главен град во рок од седум дена. Над 230.000 граѓани немаат излезено од своите домови од петок по препорака на властите. Заради невремето, Вашингтон, Мериленд и Вирџинија не можат целосно да ги исчистат патиштата од навеаниот снег, кои на некој места се блокирани од големи блокови мраз. Постепено, бранот на снежните врнежи се поместуваат на север кон Пенсилванија и Њујорк, каде се очекува да се формира покривка од половина метар. Статистиката покажува дека оваа е една од најтешките зими од 1884 година. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Франција лажеше за договорите од Минск, а Макрон сега молчи

Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, денеска реагираше на обвиненијата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Русија ги крши договорите, истакнувајќи дека Франција, всушност, е виновна за кршење на договорите, вклучувајќи ги и двата договори од Минск.
„Франција изнесе многу лаги. Се сеќаваме на изјавата на поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кој вели дека никој не ги сфатил сериозно договорите од Минск“, изјави Песков во интервју за новинарот Павел Зарубин.
Претставникот на Кремљ потсети дека во 2014 година Франција потпишала договор што гарантираше политичката иднина на тогашниот легитимен претседател на Украина, Виктор Јанукович. Но, по тоа, следувал државен удар и Франција, како и другите земји, не ги исполниле своите обврски.
„Зарем тоа не беше лага? Секако, беше вистинска лага. Но, господинот Макрон не спомена ништо за тоа“, додаде Песков.
Договорите од Минск, кои се обидуваа да стават крај на конфликтот во источна Украина, беа постигнати во 2014 година и 2015 година. Многу години по нивното потпишување, постигнатиот напредок беше делумен, со значително намалување на непријателствата, но многу од точките не беа целосно спроведени.
Свет
3,5 милиони Украинци од окупираните територии се под ризик од присилна мобилизација

Британското Министерство за одбрана во својот најнов разузнавачки извештај алармираше за сериозна закана која ги снаоѓа Украинците на окупираните територии, бидејќи до денес им биле издадени 3,5 милиони руски пасоши. Овој број бележи зголемување за 700.000 во споредба со март минатата година.
Според британскиот извештај, поседувањето на руски пасош значи и обврска да се служи во руската војска, што ги става овие граѓани во висок ризик од принудна мобилизација.
„И за Украинците кои не поседуваат руски пасоши, постои закана за конфискација на имотот“, предупредуваат од Министерството за одбрана на Велика Британија.
Со цел да пристапат до основни услуги, како што се здравствена заштита, финансиски услуги и социјални бенефиции, многу Украинци во окупираните области сега се принудени да поседуваат руски пасоши. Особено во региони како Доњецк и Луганск, каде Русија задржува делумна контрола, ситуацијата станува сè појасна.
Свет
Папата упати важна порака од болничкиот кревет

Папата Франциск денеска во пораката прочитана на мисата во базиликата Свети Петар повика на подобрена заштита на жените, идните мајки, постарите и изнемоштените лица.
„Ве охрабрувам да ја подобрите социјалната заштита на мајчинството и прифаќањето на човечкиот живот во сите негови фази“, рече папата Франциско, кој се лекува од пневмонија во римската болница Гемели, во пораката што во негово име ја пренесе државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, пренесе АНСА.
Жените треба да знаат дека имаат поддршка во општеството.
„Нероденото дете го претставува, во целосна смисла, секој маж и жена што не се брои, што нема глас. Да се застане на нивна страна значи да се биде солидарен со сите оние кои биле отфрлени од светот. Сега, повеќе од кога било, продолжува да има потреба од луѓе кои се посветуваат на службата на човечкиот живот, особено кога тој е најкршлив и најранлив“, се вели во пораката на папата Франциск.
Во пораката се наведува дека „праведно општество не се гради со елиминирање на несаканите неродени деца, постарите луѓе кои веќе не се независни или смртно болните“.