Свет
Далај Лама не е навреден од постапката на Обама
Тибетанскиот лидер Далај Лама не е навреден од начинот на кој е организиран неговиот состанок со американскиот претседател Барак Обама.
Тибетанскиот лидер Далај Лама не е навреден од начинот на кој е организиран неговиот состанок со американскиот претседател Барак Обама.
Состанокот на Обама и Далај Лама беше од „низок профил“ и беше затворен за медиуми за да се избегне зголемување на тензиите меѓу САД и Кина, која се противеше на состанокот, обвинувајќи го тибетанскиот лидер за сепаратизам.
Далај Лама изјави дека му е јасно што Обама мора да биде практичен и да води сметка за залагањето за човековите права на Тибет, а притоа да не ја навреди Кина, чија економска сила е во пораст.
„Не сум разочаран. Во последните шест децении се зацврстив и не им придавам внимание на политичките гестови, туку за поважни ги сметам директните состаноци“ изјави Далај Лама.
Обама и Далај Лама се состанаа во четврток во Белата куќа во Вашингтон.
Кина се противи на контактите на Далај Лама со странските лидери и го обвинува дека сака да ја собори кинеската власт во Тибет. /крај/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

