Свет
Средба „од нога“ на Обама и Путин во Лима
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега по должност кусо разговарале, во прв ред за ситуацијата во Сирија, на маргините од самитот на АПЕК во перуанската престолнина Лима.
„На почетокот од заседанието тие се поздравија меѓусебно и сосема кусо разговараа“, потврдил за медиумите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Новинарите кои го придружуваат американскиот претседател Барак Обама забележуваат дека челниците си пружиле рака по крајот на разговорот. Во извештаите додаваат дека претседателите стоеле на местото каде што седел на заседанието рускиот претседател Владимир Путин. „Разговорот траеше кусо време, а потоа Обама рече ’добро’ и тие се подадоа раце“, се наведува во извештајот на Reuters во кој се додава дека американскиот претседател потоа се упатил кон своето место.
Путин и Обама ја истакнале неопходноста до транзицијата на американската администрација по претседателските избори од 8-ми ноември да се продолжи со барањето решение за ситуацијата во Сирија, пренесува агенцијата ТАСС.
„Беше нагласено дека преостанатите два месеца неопходно е да се искористат за продолжување на барањето решение за сирискиот конфликт. Во тој контекст се согласија дека (рускиот министер за надворешни работи Сергеј) Лавров и (американскиот државен секретар Џон) Кери да продолжат со контактите“, изјавил Песов.
Според извештајот на Reuters, американскиот претседател порачал шефовите на дипломатијата на двете земја со цел да се намалат насилствата во Сирија.
„Во врска со Сирија претседателот укажа на неопходноста државниот секретар Кери и министерот за надворешни работи Лавров да продолжат со реализација на иницијативата заедно со пошироката меѓународна заедница со цел да се намали нивото на насилството и да се олесни страдањето на сирискиот народ“, изјави претставник на американската администрација.
За Барак Обама овој самите е последниот како американски претседател, бидејќи на 20-ти јануари 2017 година, на должноста ќе го замени новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
И претходно Песков не исклучи дека Обама и Путин може да имаат средба „од нога“ на маргините од самитот.
„Немаше никаква специјален договор. Најчесто се случува што тие честопати се среќаваат за време на самитот“, рекол Песков. Според него во неделата „фактичко целиот ден ќе биде еден настан“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

