Контакт

Свет

Асад обвини дека џихадистите дошле до Палмира со поддршка на САД

Објавено пред

Сирискиот претседател Башар ал-Асад смета дека џихадистите од ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, кои деновиве повторно продреа во градот Палмира од кој беа протерани пред повеќе од една година, можеле да се групираат на ова боиште не само од ирачкиот град Мосул кои бегаат пред офанзивата на ирачките сили врз ова нивно упориште, туку и од сириските градови Рака и Деир-ез-Зор, каде што коридори им направиле опозициските сунитски групации поддржувани од Западот.

dobivaj vesti na viber

„Невозможно е прашањето на Палмира да се поврзува само со Мосул, бидејќи Исламската држава ја има и на територијата на Сирија, на северот од земјата во Рака, каде што коалицијата предводена од САД наводно ги бомбардира нивните позиции веќе две години. Секако, тоа не е точно, борците на Исламската држава ги има и во Деир ез-Зор, каде што американските сили и нивната авијација во составот на меѓународната коалиција ги бомбардираа позициите на нашите сили, наместо да ги бомбардира позициите на Исламската држава“, вели сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервјуто за телевизијата Россия-24.

Кон средината на септември Централната команда на Вооружените сили на САД (CENTKOM) објави дека нападите на авијацијата на коалицијата предводена од САД во Деир-ез-Зор во кој беа убиени 80 сириски владини војници, биле изведени со верување дека се напаѓа џихадистичката Исламска држава а не позиции на сириската армија, додека Пентагон соопшти дека нападот бил преземен врз основа на податоци од американското разузнавање.

Сириската армија соопшти дека во време на нападот врз аеродромот крај Деир-ез-Зор нејзините единици биле во опсада на џихадистите на Исламската држава, кои по воздушните удари од коалицијата предводена од САД веднаш преминале во офанзива, сметајќи го тоа за доказ дека коалицијата ја помага оваа терористичка групација.

Еден месец подоцна сириската армија соопшти дека САД и Саудиска Арабија осигуриле безбеден коридор за извлекување на борците на Исламска држава од Мосул, каде што ирачките сили покренаа офанзива за преземање на контролата врз овој северен град од џихадистите, и за нивно префрлување во соседната Сирија.

Сирискиот претседател Асад во продолжение на интервјуто за руската телевизија од средата вели дека во џихадистичкиот напад што започна кон крајот на минатата седмица во Палмира учествуваат голем број борци со квалитетно ново оружје. Тоа, според него, сведочи дека тие добиваат поддршка. Доколку милитантите пристигнале од Мосул, не е јасно од каде екстремистите располагаат со видови оружје какво што претходно не поседувале, прашува сирискиот челник.

Покрај тоа, Асад обраќа внимание на неактивноста на американските воздухопловни сили коишто би можеле да го сопрат движењето на борците на Исламската држава кон Палмира.

„Вистината се состои во тоа дека поголемиот дел од овие терористи дојдоа од Рака и Деир-ез-Зор, или со директна поддршка на Американците или, пак, во најдобар случај Американците ги затвориле очите и им овозможиле на Турција, Катар и Саудиска Арабија да ја завршат оваа мисија преку поддршка и спонзорирање на Исламската држава, и тоа е она што навистина денеска се случува во Палмира“, истакнува сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Во неделата борците на Исламската држава по дводневна жестока офанзива повторно продреа во древниот град Палмира, во сириската покраина Холмс. Тие повторно освен современиот град го заземаа и древното археолошко наоѓалиште кое е на списокот на историското и културно наследство на човештвото на УНЕСКО.

Според информациите на светските агенции, во нападот врз Палмира учествувале повеќе од пет илјади џихадисти, а продорот во градот го овозможиле стотина бомбаши самоубијци со автомобили бомби, а покрај тоа користеле и оклопни возила./крај/мф/сн

Свет

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Објавено пред

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.

dobivaj vesti na viber

„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.

„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.

Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом

Објавено пред

Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.

dobivaj vesti na viber

Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат

Објавено пред

Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.

dobivaj vesti na viber

„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.

„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.

„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет1 час

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет2 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет3 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет6 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија8 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет9 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет11 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет15 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет19 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет19 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет20 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет20 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет21 час

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет21 час

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија21 час

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет22 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет22 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет1 ден

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија1 ден

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...