Свет
Бил Гејтс го повикува Трамп да ги вдахнови САД како Кенеди
Соосновачот на технолошкиот гигант „Microsoft“ еден од најбогатите луѓе на планетата и истакнат филантроп Бил Гејтс го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го користи стимулативниот дискурс кој ќе ги инспирира САД и ќе ги поттикне како што своевремено ги вдахнови младиот претседател Џон Фицџералд Кенеди во времето на американското освојување на космосот.
„Сметам дека на ист начин на кој претседателот Кенеди зборуваше за американската вселенска мисија, во што го поддржа целата земја, би требало да упати поттикнувачка порака до нацијата со која би се покажало дека администрацијата на Трамп ќе ги покрене нештата во сегментот на образованието или дека ќе го запре ширењето на епидемиите (…), притоа отфрлајќи ги регулаторните препреки.., како и од Америка да направи лидер на иновативноста“, изјави Гејтс за телевизиската мрежа CNBC.
Бил Гејтс со група познати претприемачи ќе вложи милијарда долари во фонд кој ќе служи за постигнување чисти технологии и борба со климатските промени.
Гејтс ја формираше фондацијата „Breakthrough Energy Ventures“, заедно со мултимилијардерот Марк Цукерберг, сопственикот на „Facebook“, Џеф Безос челникот на „Amazon“ и со првиот човек на „Alibaba“, Џек Мао. Фондацијата ќе го финансира развојот на новите енергии и намалувањето на емисијата на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина.
Ова е првото поголемо вложување на коалицијата на супербогатите претприемачи основана во декември 2015 година со цел да се финансираат истражувањата и развојот на ткн чисти технологии.
Бил Гејтс изјави дека неодамна првпат разговарал телефонски со Доналд Трамп, и истакна дека имаат „многу заеднички пријатели“,
Според пишувањето на The New York Times, Трамп во среда во Њујорк треба да ги прими Безос, но и првите луѓе на „Apple“ Тим Кук, на „Alphabet“ Сатија Недела, како и Илон Маск, иноваторот, филантроп и челник на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.