Европа
Бројот на жртвите во лавината во Италија се искачи на 25, четири лица исчезнати

Спасувачките екипи во средата извлекоа уште седум тела од уништениот хотел „Rigopiano“ во централна Италија кој на 18-ти јануари беше затрупан од силна лавина, со што бројот на смртно настраданите се искачи на 25 луѓе.
Три тела беа извлечени од под купиштата снег и остатоците од конструкцијата на отелот ноќта кон средата, две беа најдени во текот на претпладнето и уште две вобите попладневни часови, соопшти италијанската противпожарна служба. Уште четири лица се вода како исчезнати.
Меѓу жртвите 13 се мажи а 12 се жени, и од нив вкупни 13 лица сé уште не се идентификувани, објави директорот за службата за брзи интервенции на Одделот за цивилна заштита Тити Постиљоне, додавајќи дека во моментов се ангажирани околу 200 луѓе на расчистување на остатоците и купиштата снег.
Една седмица по трагедијата, додека уште се води потрагата по исчезнатите, спасени се 11 луѓе, од кои четирите деца, вклучително и двајцата мажи кои кобната ноќ минатата среда во време на уривањето на лавината биле надвор од хотелот и се засолнале во нивните возила.
На 18-ти јануари вечерта, врз планинскиот хотел во планинскиот масив Гран Сасо голема лавина испровоцирана од четирите силни земјотреси кои претходно истиот ден ја погодија централна Италија, целосно го затрупа и урна хотелот кој се наоѓа во регионот Абруцо. Според процените на експертите, врз хотелот се урнале 120.000 кубни метри снег, кои налетале на објектот со брзина од 100 километри, а масата на лавината се споредува со 40 натоварени камиони.
Во италијанските медиуми сé уште има реакции на информациите дека гостите едноставно останале заробени во хотелот, бидејќи биле пронајдени спакувани куфери за заминување. На интернет од пред неколку дена започна да кружи електронска порака која управата на хотелот им ја испратила на властите барајќи помош, само неколку часа пред катастрофата. И покрај тоа што не е споменато стравување од лавина, се опишува дека кај гостите расте паниката кои поради многу силните снежни врнежи останале блокирани, кога четирите силни земјотреси претходно го погодија истиот регион.
Обвинителот во Пескара отвори истрага за лавината. Правосудните органи се уваат да го утврдат редоследот на настаните во хотелот во Абруцо за да се покаже дали трагедијата можело да биде избегната. Уште следниот ден по несреќата беше отворена истрага за дело „убиство од небрежност“, за да се утврди дали сите опасности и ризици биле земени предвид, како при градењето на малиот ексклузивен хотелски комплекс, така и во врска со сите настани кои се одигрувале на 18-ти јануари, имајќи ги предвид земјотресите од тој ден кои ја погодија таа област и оти три дена со ред имало обилни врнежи до снег./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шолц: Следната задача е да се осигури дека нема наметнат мир за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека договорот за ставање крај на војната во Украина не треба да му се наметнува на Киев откако американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор се согласи да ги отвори преговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
„Следната најважна задача е да се осигуриме дека мирот не му е наметнат никому“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за „Политико“.
Тој нагласи дека на Украина треба да ѝ се остави доволно простор за развој и по прекинот на огнот. Ова важи и за воените сили.
„Украина мора да има силна армија, поголема пред војната, а таа армија мора да биде опремена и со западно оружје“, рече канцеларот.
АФП пренесува дека Шолц во интервјуто нагласил дека трансатлантското единство мора секогаш да биде загарантирано.
Шолц додаде дека исто така не треба да има конечно решение, без согласност на САД, и ја истакна улогата на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Разговорите што ги имав со американскиот претседател и разговорите на моите советници со советниците на Доналд Трамп одат во насока на надеж и очекување дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц.
Канцеларот во исто време ја отфрли можноста за испраќање германски војници во Украина во овој момент.
„Сите знаат дека тоа сега не доаѓа предвид“, рече тој.
Во оваа фаза „не е јасно под кои услови Украина би била подготвена да се согласи на мировен договор“, рече Шолц.
Европа
(Видео) Зеленски му воведе санкции на Порошенко, причината може да е велепредавство, објави „Форбс“

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина воведе санкции за Петро Порошенко, објави поранешниот претседател во соопштението.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека официјалната уредба ќе биде објавена на 13 февруари, но не го спомна Порошенко по име, пишува „Киев индипендент“.
Порошенко во својата видеоизјава не прецизира какви ограничувања ќе му бидат наметнати, но санкциите би можеле да бидат поврзани со наводно велепредавство, објави „Форбс Украина“ повикувајќи се на два извора.
„Советот за национална безбедност и одбрана штотуку донесе неуставна, политички мотивирана одлука да воведе санкции против мене, Петро Порошенко, лидерот на опозицијата и петти претседател на Украина“, рече Порошенко во соопштението.
„Денес, Зеленски му зададе силен удар на внатрешното единство до кое нашиот тим строго се придржува од февруари 2022 година и кое е нашето главно оружје во борбата против агресорот“, рече тој.
„Целата одговорност за негативните последици е директно на него“, додаде Порошенко.
Зеленски во вчерашното вечерно обраќање рече дека учествувал на седница на Советот за одбрана и дека нивните одлуки ќе бидат објавени следниот ден.
„Ние ја браниме нашата земја и ја враќаме правдата. Секој што ја уништи националната безбедност на Украина и ѝ помогна на Русија мора да одговара за своите постапки“, рече Зеленски, без да прецизира кој точно би можел да биде казнет и што значи тоа.
Европа
(Видео) Маж фрли бомба во бар во Франција: најмалку 12 повредени, шест критични

Најмалку 12 лица се повредени вчера кога маж фрлил рачна граната во бар во Гренобл, Франција, потврдија претставници на „Икс“, јавува „Анадолија“.
Шест од повредените се во критична состојба, соопштија властите.
Attaque à la GRENADE en pleine ville de Grenoble.
Notre pays devient un pays sous développé, rempli de fous qui souvent ne devraient même pas être en liberté et/ou en France.
Soutien aux blessés, on espère qu’il n’y a pas de morts 🙏 pic.twitter.com/EgHQ44NidC
— Alice Cordier (@CordierAlice2) February 12, 2025
Градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиол, го осуди нападот на „Икс“ изразувајќи солидарност со жртвите и нивните семејства.
Осомничениот, кој наводно побегнал од местото на настанот, сè уште не е фатен.
Судот во Гренобл поведе истрага, која му беше доделена на Одделот за организиран криминал. Детали за идентитетот на осомничениот или можните мотиви сè уште не се објавени.