Контакт

Европа

Бунт во Австрија, илјадници родители ги отпишуваат децата од училиште поради ковид-мерките

Објавено пред

Директорите на училиштата во Австрија го вклучија алармот за ковид-заболувањата во училиштата. Илјадници родители во Австрија ги отпишуваат своите деца од училиште.

Според надлежните, како што пренесуваaт тамошните медиуми, во оваа земја веќе се поднесени 3.600 барања за напуштање на часовите за претстојната учебна година.

Се проценува дека тој број може да се зголеми на 6.000 до почетокот на училиштето. Во учебната 2019/2020 година имаше околу 2.000 деца што беа отпишани, пишуваат австриските медиуми.

Особено голем број откажувања има во Долна Австрија, околу 1.150. Пред пандемијата имаше просечно од 700 до 800 отпишувања ученици. Во моментот, поради недостиг на студенти, можно е да се спојат часовите.

„Не можеме да ја поделиме класата. Имаме и еден наставник помалку. Доколку се преземат дополнителни мерки наесен, на пример, за вакцинирање дванаесетгодишници, веројатно повеќе студенти ќе си заминат. За мене како училиштен работник ова е лудило“, истакна градоначалникот.

Иако напуштањето на училиштето е индивидуален случај, бројките се загрижувачки, рече директорот за образование на Долна Австрија, Јохан Хеурас. Тој нагласува дека училиштето е повеќе од пренос на знаење и оти на децата им недостига социјален контакт.

„Би сакал родителите и децата да имаат задолжителен психолошки разговор пред да донесат одлука“, рече Хераус.

Нема законско решение бидејќи во Австрија нема задолжително посетување училиште, туку само обврска за посетување настава.

Европа

Излезни анкети во Германија: Мртва трка помеѓу ЦДУ и СПД

Објавено пред

Според првичните прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) освоија по 25 проценти од гласовите.

На трето место се Зелените со освоени 15 проценти од гласовите. Либералите (ФДП) и деснопопулистичката АфД имаат по 11 отсто гласови, Левица освои 5 проценти, а преостанатите 8 отсто од гласовите ги делат другите партии кои се тркаа за место во Бундестагот, пишува „Дојче Веле“.

Од 18 часот се затворија избирачките места. Околу 60,4 милиони Германци имаа можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за идниот канцелар, што ќе ја наследи Ангела Меркел.

До рано попладнево одзивот на изборите беше помал отколку пред четири години. До 14 часот, на гласање изглегле 36,5 проценти од граѓаните со право на глас.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција ќе донира двојно повеќе вакцини за сиромашните земји

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави дека Франција ќе им даде 120 милиони дози од вакцината против коронавирус на сиромашните земји, двојно повеќе отколку што беше претходно најавено, објави француската новинска агенција „Франс прес“.

„Неправедно е што вакцинацијата заостанува многу на другите континенти. Во Африка, едвај 3 проценти од населението е вакцинирано, мораме да дејствуваме побрзо“, рече Макрон во видео обраќање.

И Соединетите Американски Држави во средата објавија планови за двојно зголемување на количината на вакцини што имаат намера да ја донираат за сиромашните земји, така што САД ќе донираат 1,1 милијарда дози, со што американскиот претседател Џо Бајден јасно дава до знаење дека сака да го предводи глобалниот одговор на пандемијата на коронавирус.

Европската Унија, со која САД имаат намера тесно да соработуваат, ќе дистрибуира повеќе од 500 милиони дози.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во видео порака до ОН објавена во вторникот рече дека „обезбедувањето фер и правична распределба на вакцините низ целиот свет е итен приоритет“.

Тој најави дека Кина има намера да достави вкупно две милијарди дози вакцина до светот до крајот на годината.

Прикажи повеќе...

Европа

Швајцарците излегуваат на референдум за истополови бракови

Објавено пред

Гласачите во Швајцарија, денеска на референдум ќе одлучат дали ќе им се дозволи на истополовите двојки да се венчаат и да посвојуваат деца.

Федералната влада и парламентот веќе го усвоија изменетиот закон, но противниците предводени од десничарската Швајцарска народна партија (СВП) се залагаа за референдум по ова прашање.

Според последните анкети на јавното мислење, поборниците за истополови бракови се во предност, а околу 63 проценти од испитаниците се изјасниле дека поддржуваат истополова заедница, но кампањата против овој закон се засили во последните неколку недели.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Излезни анкети во Германија: Мртва трка помеѓу ЦДУ и СПД

Според првичните прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) освоија по 25 проценти од гласовите. На...

Топ5 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Топ5 часа

Драма во Ресен: Со нож се обидела да го повреди сопругот со кого се разведуваат, ја нападнала и неговата нова девојка

Семејна драма се случувала вчера во Ресен, кога 31-годишна девојка (Д.Н). се обидела со нож да го повреди сопругот со...

Регион5 часа

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија6 часа

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија9 часа

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа12 часа

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија12 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија1 ден

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија1 ден

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа1 ден

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион1 ден

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа1 ден

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Досие